за

Renault стартува со акциски попуст од 15 проценти

Понудите на автомобилскиот пазар никогаш не биле поатрактивни од сега. Секаде се нудат попусти, гратис опрема, бесплатни услуги… Renault стартува со екстра попуст во следните две недели.

Увозникот на марката Renault денес стартуваше со акцијата што ќе трае до 2-ри декември и која што опфаќа попуст во висина од 15 проценти за сите возила од гамата на францускиот производител. Воедно, Аутомотив Груп во истиот период ќе ги промовира актуелниот Clio и новиот кросовер Captur пред посетителите на Сити Мол, за коишто исто така важи акцијата.

За следната сабота, на 30-ти ноември, Renault ќе понуди и можност за пробно возење на моделите од неговата гама. За повеќе информации увозникот наведува на неговата интернет страница како и на профилот на марката на фејсбук.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen вложува најмногу во развој и истражување

Honda вклучува турбо програма