Електричните автомобили со рекордна продажба, но неизвесно е како ќе продолжи трендот

Продажбата на електрични автомобили во Европа е на рекордно ниво во 2025 година, но неизвесно е дали тој раст во побарувачката ќе продолжи. Производителите се под притисок да ги спуштат цените, да се снабдуваат локално и побрзо да ги развиваат новите модели. Тоа го порачаа експертите на конгресот на Аутомотив Њуз Европа на 12-ти јуни во Торино.

Продажбата на батериски електрични возила во Европа до мај е зголемена за 27 проценти во споредба со истиот период лани. Вкупно се продадени преку 954.000 возила, покажуваат податоците на Датафорс.

„Секој месец е рекорден месец,“ во досегашниот тек на годината, соопшти извршниот директор на Датафорс, Марк Одиниус, на Конгресот.

Тој раст доведе и до зголемување на уделот на батериски електрични возила на 17 проценти од целиот пазар. Лани во истиот период, тој удел изнесуваше 13 проценти.

Во истиот период, приклучните хибриди постигнаа продажба зголемена за 11 проценти, што на ПХЕВ погонот му донесе пазарен удел од 13 проценти.

За овој раст сепак се најмногу заслужни северноевропските земји, додека земјите во источна и средна Европа уште заостануваат.

„Европа уште е силно поделена во поглед на прифаќањето на ЕВ,“ оценува Одиниус.

Норвешка предводи со учество на електричните возила од 93 проценти во вкупната продажба во првите пет месеци. За споредба, Датафорс ја наведува Хрватска, каде што електричните автомобили до мај учествуваат одвај со еден процент.

Обединетото Кралство е на 11-то место според прифаќањето на БЕВ, со удел од 21 проценти. Тоа е условено од британската влада, којашто постави барање производителите на автомобили да постигнат одреден удел на електрични возила во продажбата. Но, тоа донесе нови проблеми.

„Мандатот направи бизнисот да стане неверојатно скап во ОК,“ вели Мајк Хејвс, извршен директор на здружението на производители на автомобили во Кралството, СММТ.

СММТ пресмета дека производителите морале да се откажат од 4 милијарди фунти на сметка на попусти, за цените на електричните возила да ги донесат на ниво со модели со мотор со внатрешно согорување, со цел тие да им станат попривлечни на купувачите.

Кинезите имаат решение за поттикнување на продажбата

Притисокот од државата да се продаваат електрични автомобили ги обесхрабри кинеските производители да го нападнат пазарот во ОК. Се очекуваше тие да извршат многу посилен притисок, имајќи предвид дека Кралството не воведе казнени царини за увоз на електрични автомобили од Кина, како што тоа е случај во ЕУ, објаснува Хејвс.

[the_ad id=”85764″]

„Растот во продажбата на Кинезите во ОК во минатата година доаѓаше целосно од (возила со) мотори со внатрешно согорување,“ вели Хејвс. „Ако доаѓате на пазарот во ОК само со електрични автомобили и немате возила со мотор со внатрешно согорување коишто ќе ги субвенционираат ЕВ, тоа е голем предизвик.“

Кинеското решение се приклучните хибриди. БИД го предводи пазарот на ПХЕВ во Обединетото Кралство со Сил Ју, а веднаш по него е кинескиот Чери, со Џејку 7.

Способноста на Кинезите за брзо да се приспособат ги загрижи Европејците во ова време на преоѓање на електрични автомобили, напомена на конгресот извршниот директор на УФИ Фултерс, Стефано Гава.

Електрична Тојота би-зи-фор-крос за време на серијата возења од вкупно 3.000 километри низ Македонија

Италијанскиот добавувач на компоненти стекна углед со производство на филтри за масло, гориво и воздух, но во меѓувреме издвои посебен огранок за термални системи за електрични возила, како и огранок за горивни ќелии и водороден погон.

УФИ се присутни во Кина уште од 1980-те и посведочија на сите промени што се случуваа во автомобилската бранша.

„Неверојатен е бројот на пронајдоци во Кина, во споредба со Европа,“ објаснува Гава. „Единствениот надеж е да го фатиме темпото со помош од политиката.“

Кина е светски лидер во производството и развојот на батерии, но групацијата Фолксваген е во трка преку својот огранок за производство на ќелии Пауер Ко.

„Во Европа немаме сигурна и отпорна верига на набавки, што е неопходна за вертикалната интеграција, и поради тоа бевме пионери во нејзиното поставување,“ кажа на конгресот Силвиа-Луна Ајзагуар Санчез, главна за развојот на батерии во Пауер Ко.

Нами Бокс, достапниот електричен автомобил на Донгфенг, неодамна беше на тест возење во Аутомедиа; цената менува многу: 22.900 евра.

Пауер Ко веќе почна пробно да произведува т.н. Јунифајд (унифицирани) ќелии во својот погон во Залцгитер, Германија. Во текот на следната година треба да започне и редовното производство, а во меѓувреме се градат фабрики во Валенсија, Шпанија и во Канада.

Призматичните ќелии можат да користат секаков вид на батериска хемија, вклучувајќи ги и поевтините ЛФП (литиум-железо-фосфат) и натриум-јон батерии. На салонот во Минхен во септември, ФВ ќе соопшти во кој модел прво ќе ги вгради батериските ќелии од сопствената Пауер Ко.

Претходна објаваМантрата на новиот Нисан Лиф е ефикасност, ефикасност и ефикасност
Следна објаваГерманија најскапа земја за полнење електрични автомобили, Турција најевтина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here