Red Bull ќе си замине од формула 1 доколку не добие мотори од Audi

Сопственикот на Red Bull се заканува со заминување од формула 1 доколку не склучи договор за испорака на мотори со Audi. Тоа го изјави Лука ди Монтеземоло за италијанскиот „Ла Република“.

Red Bull досега повеќепати укажуваше дека не го исклучува своето повлекување од кралицата на мотоспортот, првенствено поради разочарувачките перформанси со актуелните мотори од Renault. Даниел Рикардо и Даил Квјат во оваа сезона заедно имаат освоено само 23 бодови. Францускиот производител на автомобили стравува од последици врз репутацијата и исто така размислува за повлекување од формула 1. Во отсуство на снабдувач со мотори, во тој случај и Red Bull ќе замине.

Дитрих Матешич, прв човек во тимот, ќе ги преземе сите напори да го добие договорот со Audi. Поранешниот шеф на Ferrari, Лука ди Монтеземоло, за италијанскиот весник „Ла Република“ изјави: „Знам дека Матешич размислува да го продаде тимот. Заеднички пријател ми соопшти дека тој ќе ги замине доколку не успее договорот со Audi.“

Во минатата сезона Red Bull заврши на второто место во конкуренција на конструктори со Себастијан Фетел и Рикардо. По четирите трки во оваа сезона, тимот се наоѓа на четвртото место со огромен заостаток зад Mercedes, Ferrari и Williams.

Претходна објаваDacia Sandero ќе добие спортска верзија RS
Следна објаваНовите тенкови на Путин го освоија Црвениот Плоштад

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here