за

Range Rover Sport најбрз во „Празната четвртина“

Новиот Range Rover Sport постави рекорд за најбрзо минување на Руб ал Кали, најголемата песочна пустина во светот и втора најголема пустина по Сахара, со време од 10:22 часа.

Рекордерскиот тим го совлада растојанието од 849 километри од Вади Ада Васир во Саудиска Арабија до границата со Обединетите Арапски Емирати за 10 часови и 22 минути со просечна брзина од 81,87 километри на час. За возењето се користеше стандарден Range Rover Sport, со петлитарски мотор V8 со 510 КС. Единствена преправка на возилото беше заштитната плоча за подот.

Заслуга за поставувањето на рекордот секако има и возачот Мои Торалардона, 47-годишен Шпанец со десетгодишно искуство на Рели Дакар и највисок пласман на шестото место. Торалардона открива: „Предизвикот на пустината е неспоредлив, тоа е брутална и понекогаш кобна средина. Возењето низ пустина бара единствена комбинација од брзина, префинетост и возачка техника. Основата е дините да се совладуваат со прецизност, да се знае вистинското време да се притисне полна гас и да се подзапре

Празната четвртина

Празната четвртина ја зафаќа територијата на четири држави на Арапскиот полуостров: Саудиска Арабија, Оман, Обединетите Арапски Емирати и Јемен. Температурите постојано се искачуваат над 50 степени Целзиусови, и на секое минување, без разлика колку добро е организирано тоа, мора да се пристапи со максимална претпазливост.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Американците попрво ќе купат кола од Apple отколку од авто производителите

Миењето со четки е подобро за бојата од рачното миење