Автоиндустријата постојано бара соодветна замена на литиум јонските батерии. На салонот во Женева во март ќе се појави студиски автомобил што користи нов вид на батерии.
Две фотографии и неколку празни фрази, тоа е сé што во моментов може да се дознае за спортската лимузина Quant-e, чија што премиера претстои напролет на салонот во Женева. „Развојниот шеф Нунцио Ла Векија и неговиот инженерски и дизајнерски тим со новиот Quant ќе претстават студиски автомобил од посебен вид. Спортското возило со четири седишта и должина поголема од 5,25 метри, на единствен начин комбинира иновативна технологија, исклучително спортки дизајн и комплетно нов систем за акумулирање на енергијата – технологијата Nano-FlowCell. Првиот возлив прототип во натамошното тестирање на развојот на батеријата ќе даде нови импулси особено во поглед на течната ќелија“, пишува во соопштението за печат од фирмата.
Како акумулатор за енергијата се користи течна батерија, којашто се одликува со висок степен на ефикасност и висока долготрајност. Последново е главниот проблем на литиум јонските батерии. Течните ќелии се можна замена за актуелната генерација батерии. Новата технологија за автомобилите веќе подолг период се користи за секундарно акумулирање на енергијата во ветерниците за производство на струја.