Puzzlephone: Модуларен паметен телефон од Финска

Puzzlephone се состои од три модули: ‘Рбет со дисплеј и куќиште, мозок со камера и процесор, како и срце, вклучувајќи ја батеријата.

Од Финска доаѓа нов конкурент за модуларниот телефон на Google. Производството на Puzzlephone од производителот Circular Devices е планирано да стартува в година.

Puzzlephone е уште еден производ од Финска што влегува во директна конкуренција со модуларните паметни телефони Project Ara на Google и Motorola, исто како и со концептот Phoneblocks на Холанѓанецот Дејв Хакенс. За разлика од проектот на Google, кај когошто секоја компонента мора да се избира одделно и да се заменува, финскиот производител Circular Devices се ограничува само на три главни модули.

Основата или ‘рбетот се состои од рамка, дисплеј и звучници. Срцето на Puzzlephone го сочинува батеријата, а мозокот ги содржи процесорот и камера-модулот. Мозокот и срцето во форма на затворени составни делови од пластика се вовлекуваат од задната страна.

puzzlephone 2

Седиштето на производителот Circular Devices е во Еспо, градот на Nokia. Според производителот, развојот на Puzzlephone започнал веќе лани, а доколку се обезбеди финансиска подршка, производството ќе започне во втората половина од 2015 година. Како софтверска основа се користи т.н. „форк“ од мобилниот оперативен систем Android на Google. Circular Devices размислува и за алтернативи на Android. Производителот моментно се концентрира на обезбедување на фиксни хардверски спецификации за трети производители.

Трката со модуларните паметни телефони започна во септември 2013, откако Холанѓанецот Дејв Хакенс го претстави неговиот концепт Phoneblocks. Идејата веше со заменливи компоненти да се продолжи животниот циклус на паметните телефони. Сопствениците не мораат да се откажуваат од целиот мобилен, доколку на пример процесорот станал пребавен. На тој начин се поштедува и животната средина.
Малку подоцна и Google го претстави сличниот Project Ara во соработка со Motorola. Во јануари оваа година, кинескиот производител ZTE се придружи со неговиот концепт Eco-Mobius. Puzzlephone е директен конкурент на Vsenn, стартап којшто исто така потекнува од Финска. Останува уште да се почека кој од концептите на крај ќе го доживее стадиумот за влегување во продажба.

Претходна објаваТридецениска разлика: Volkswagen Polo G 40 против Polo GTI
Следна објаваЖенски автомобил на годината: Mercedes S-Class е број 1 кај жените

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here