PSA Peugeot Citroen се откажува од германскиот пазар?

Во Peugeot и Citroen се повеќе заинтересирани да се откажат од германскиот пазар и да се ориентираат на Кина, кадешто се помали очекувањата на купувачите

Поради лошата продажба на значајниот германски пазар на автомобили, францускиот концерн отпушти една третина од вработените во централата во Келн. Дилерите стравуваат од повлекување на Peugeot и Citroen од пазарот.

Францускиот автомобилски концерн PSA Peugeot Citroen се соочува со драстичен пад во продажбата на германскиот пазар и отпушти 150 од вкупно 427 вработени лица во централата во Келн. Продажно-сервисната мрежа на марките Peugeot, Citroen и DS е планирана за продажба од 185.000 примероци годишно, односно за вкупен пазарен удел од 5,5 проценти. Тоа се премногу оптимистички цели, затоа што во минатата година трите марки, не вклучувајќи ги доставните возила, продадоа само 106.000 возила во Германија, што соодветствува на пазарен удел од само 3,5 проценти.

Бројот на вработени во Келн не е основниот проблем на францускиот концерн. Во централата во Париз повеќе се расположени да се откажат од острата битка на германскиот пазар и да се преориентираат на Кина, кадешто очекувањата на купувачите се неспоредливо помали.

Претходна објаваСтартуваше производството на новата Suzuki Vitara во Унгарија
Следна објаваАвтомобилите повторно на диета: Електрониката стана претешка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here