за

Повеќе од половина од продажбата во Европа отпаѓа на СУВ

СУВ-моделите достигнаа нов врв и учествуваат со повеќе од половина во продажбата на нови автомобили на европскиот пазар.

Фолксваген ИД.4: Со удел од 51 проценти на пазарот, СУВ-моделите и кросоверите од сите големини доминираат над лимузинските, комбилимузинските и комби моделските изведби.

Растот од 85 проценти во продажбата на Тесла Модел Ипсилон, направи американскиот електричен СУВ лани да стане најпродаван модел во Европа и помогна сегментот на премиум СУВ-модели од средната класа за првпат да биде поголем од сегментот што им припаѓа на мини автомобилите.

Каросериската форма на СУВ сега преовладува во продажбата на автомобили во Европа. Бројките за минатата година откриваат дека заедничката продажба на моделите од класите на Тесла Модел Ипсилон и Фолксваген Т-Рок првпат учествувале со повеќе од половина во продажбата на континентот.

СУВ го престигнаа пазарот, со раст од 19 проценти и продадени 6,63 милиони возила, за да постигнат удел од 51 проценти на европскиот пазар на нови авотмобили. Наспроти тоа, целиот пазар порасна за 14 проценти, покажуваат податоците од аналитичарите на Датафорс.

Модел Ипсилон беше најпродаван модел воопшто на европскиот пазар лани.

Паѓаат малите и компактните автомобили

СУВ ги ставија во сенка традиционалните каросериски форми на комбилимузина и комби, што долго беа обележје на европскиот пазар.

Сегментот на малечки СУВ лани беше најголем сегмент во Европа, со близу 2,2 милиони продадени автомобили. По нив следат компактни СУВ со преку 1,9 милион возила, според Датафорс.

Најголемиот раст меѓу СУВ-возилата лани го постигнаа премиум сегментите.

Продажбата на премиум СУВ од средна класа порасна за 31 процент, на 843.939 возила, што е петти најголем сегмент во Европа. Најголеми двигатели на продажбата во сегментот беше Модел Ипсилон, со раст од 85 проценти и продадени 254.822 возила, но и Мерцедес-Бенц ГЛЦ, чијашто продажба порасна за 32 проценти и достигна 91.259 возила.

Голем раст и искачување на сегментот на шестото место постигнаа компактните СУВ од премиум марките. Нивната продажба напредуваше за 27 проценти, на 721.376 возила. За тоа во голема мера придонесе бестселерот Волво Икс Це 40 и вицешампионот БМВ Икс 1.

Двата сегменти, на премиум СУВ од средната и од компакт класата, ги престигнаа мини автомобилите, коишто лани паднаа од петтото на седмото место. Тоа укажува дека европскиот пазар се префрли кон поголемите автомобили.

СУВ моделите учествуваат со повеќе од половина во продажбата на нови автомобили во Европа

 
1 Мали СИВ 2,159,427 14%
2 Компактни СУВ 1,904,669 17%
3 Малечки 1,730,015 6.4%
4 Компакти 1,508,061 13%
5 Премиум СУВ средна класа 843,939 31%
6 Премиум СУВ компакт класа 721,376 27%
7 Мини 698,858 3.1%
8 Средни СУВ 667,670 25%
9 Премиум средна класа 482,555 14%
10 Компоакт премиум класа 476,728 5.8%

Лани беа продадени 698.858 мини автомобили, што е далеку под еден милион возила, колку што тие постигнуваа пред една деценија. Во меѓувреме, Ситроен, Пежо, Форд и Опел ги заминаа од сегментот.

Тоа што Европа се префрлува на СУВ ги вознемирува организациите за заштита на животната средина, коишто негодуваат поради топа што поголемите СУВ модели предизвикуваат зголемено загадување и проблеми во сообраќајот, посебно во градовите.

Во неделата, парижани изгласаа тројно зголемување на цената за паркирање на возила што тежат над 1,6 тон, односно кај електричните возила, границата е два тони.

МГ4 беше најпродаван целосно електричен компакт во Европа лани.

Влијание на електричните возила

Префрлувањето кон СУВ, сепак е придружено со зголемена продажба на возила со електричен погон, главно во сегментите од средбата класа, каде што електричните автомобили учествуваат приближно со половина од продажбата.

Батериските електирчни модели учествуваа со 48 проценти во вкупната продажба на СУВ модели од средната класа. Таму прв е Модел Ипсилон. Сегментот на електричните СУВ од средната класа од големоволуменските марки ги предводи Фолксваген ИД.4.

Сегментот во којшто најмногу се пробиени електричните возила се луксузните лимузини со 58 проценти. Тоа главно се должи на постојаниот раст во продажбата на Порше Тајкан.

Прототипот на преработениот Порше Тајкан. Надвор одвај се забележуваат промените.

Уделот на електрични возила во сегментот на премиум компакти лани беше повисок од вкупниот удел на електричните возила во продажбата на нови автомобили во Европа, со 23 проценти, наспроти 16 проценти, покажуваат податоците од Датафорс.

Најподаваните модели во четири сегменти се електрични автомобили. Тоа е еден сегмент повеќе од преклани. На Модел Ипсилон како победник во премиум средната класа, му се придружуваат Фолксваген ИД.4 во средната класа, Порше Тајкан во сегментот на луксузните лимузини и Тесла Модел 3 во сегментот на премиум модел од средната класа.

Има простор за напредок

Продажбата на електрични возила, сепак, останува упорно на ниски вредности во поголемите сегменти каде што се бараат возила со повиосока противвредност. Тоа важи посебно во двата најголеми сегменти.

Само 5,6 проценти од возилата во сегментот на малечки СУВ лани отпаѓа на целосно електирчни модели. Кај компактните СУВ, уделот на електрчните возила изнесува само 1,7 процент. Кај градските автомобили, само 5,4 проценти се електрични.

Фолксваген Т-Рок е најпродаван мал СУВ во Европа лани. Кабриолет изведбата на Т-Рпк беше и најподаван кабриолет до големоволуменските марки во 2023 година.

Помалите возила се потешки за електрификација, имајќи ја предвид цената на батеријата и тоа што моделите повеќе се наменети главно за европскиот пазар и со тоа не може да се постигне скалестиот ефект што ќе ја смали цената на возилото.

Кинеските производители досега се покажаа многу поспособни да ги смалат трошоците, што е потребно за електричните возила да станат достапни во помалите сегменти, каде што решава цената. Најпродаван целосно електричен модел во компактниот сегмент лани беше МГ4, додека на БИД Ато 3 му припадна таа титула во сегментот на компактни СУВ модели.

Големите производители на автомобили годинава ќе лансираат клучни електрични автомобили на најголемите пазарни сегменти во Европа, во обид да се спречи пробивот на кинеските автомобили.

Киа ЕВ5

Во сегментот на компактни СУВ, меѓу моделите што ќе дебитираат годинава се електричната верзија на Пежо 3008, Киа ЕВ5, Форд Експлорер и Рено Сеник Е-Тек.

Во сегментот на помалите возила, Ситроен ќе го лансира буџет-моделот е-Ц3, а Рено се подготвува за старт со електричен Рено 5, инспириран од моделот од 1970-те.

ВЛИЈАНИЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ МОДЕЛИ

Сегменти со најголем удел на целосно електирчни модели; Најпродавани електрични модели по сегменти

  • Луксузни лимузини: 58% (Порше Тајкан)
  • Премиум СУВ од средна класа: 48% (Тесла Модел Ипсилон)
  • СУВ од средна класа: 47% (Фолксваген ИД.4)
  • Премиум средна класа: 38% (Тесла Модел 3)
  • Мини: 24% (Фиат 500e)
  • Компакти: 20% (МГ4)
  • Премиум компактни СУВ: 23% (Волво Икс Це 40)
  • Премиум мали: 16% (Мини Електрик)
  • Премиум големи СУВ: 11% (БМВ Икс М)
  • Големи премиум: 11% (Мерцедес Е-Ку-Е)

Концернот Фолксваген води во 12 од 21 сегменти

Во конкуренција на марки, Фолксваген е прв во осум сегменти, два повеќе од преклани. Волфсбург си го врати водството во сегментот на компактни СУВ, откако Тигуан го престигна Хјундаи Тусон, а ИД.4 првпат му донесе водство на најголемиот производител на автомобили во сегментот на СУВ од средна класа.

Концернот вкупно држи 12 од 21 различни сегменти, вклучувајќи ги по двете победи на Ауди и Порше. Втор концерн е БМВ, исто така со по две победи за марките БМВ и Мини.

Со исклучок на миниваните, сите сегменти забележија раст во продажбата лани. Компактните минивани, каде што предводи патничката изведба на Фолксваген Кеди, лани назадуваа за 9,3 проценти, додека миниваните од средната класа имаа пад од 0,9 проценти, и покрај тоа што Фолксваген Транспортер го засили своето водство.

СУВ доминираа дури и во најскапите и егзотични сегменти. БМВ Икс М ја постигна својата прва победа на годишно ниво, со продадени 3.142 возила. Втор е Ламборгини Урус, по него е Бентли Бентајга.

Покрај комбилимузините и комби моделите, на списокот на сегменти што попуштија под притисокот на СУВ моделите, спаѓаат и миниваните и спортските автомобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Алфа Ромео им е слабост на Швајцарците

Киа доби кредитен рејтинг А3, подобра е од некои држави