
Корпорацијата Киа го поздрави подобрувањето на корпоративниот рејтинг на компанијата на А3 од страна на Муди’с. Овој важен показател за инвеститорите предвидува стабилно работење на компанијата во престојниот период.
Муди’с значително го подобри корпоративниот рејтинг на Киа, од Баа1 на А3, што ги уверува инвеститорите дека вложувањето во корејскиот производител е сигурен бизнис.
Според извештајот што денес го објавија Муди’с, ова зголемување на рејтингот следи како резултат од тоа што Киа постојано работи профитабилно и го подобрува билансот. Дополнително придонесува и тоа што Киа постојано ја подобрува својата понуда од модели и станува уште поконкурентна на пазарот. Секако, клучно е тоа што се создава моќен прилив на готовина.
Муди’с исто така наведуваат дека Киа ќе продолжи да работи профитабилно и финансиските резерви ќе останат недопрени во следните една до две години. Тоа значи дека финансиските експерти предвидуваат дека Киа без штета ќе ги издржи сложените услови на работа со коишто се соочува автомобилската индустрија.
„Киа постигна значителни подобрувања во профитабилноста, преку зајакната конкурентност во поглед на цените и производите, обезбедувајќи ефикасност на инвестициите,“ изјави Ву Џеонг Џу, извршен потпретседател и финансиски директор на корпорацијата Киа. „Ќе продолжиме проактивно да одговараме на идните технолошки трендови и ќе се сосредострочиме на натамошно зајакнување на финасиската стабилност.“
Муди’с додаваат дека рејтингот А3 ја одразува и силната позиција на Киа на корејскиот автомобилски пазар, конурентсноста на главните извозни пазари, високиот степен на географска диверзификација, мошне ниското задолжување и силниот биланс.















