за

Алфа Ромео им е слабост на Швајцарците

Џулија, Стелвио и Тонале победија во изборот на швајцарски Ауто Илустрирте во своите категории, а ѝ марката освои титули за дизајн, популарност и ефектна реклама.

Во изборот на Ауто Илустрирте, најголемиот автомобилски магазин во Швајцарија, се натпреваруваа 455 автомобили во 13 категории. Во три категории, Швајцарците гласаа најмногу за моделите на Алфа Ромео – и за марката.

Алфа Ромео и во 30-то издание на Бест Карс Авордс ги освои симпатиите на швајцарските возачки и возачи. Во престижниот избор решаваат гласовите на читателите, што ги избираат своите фаворити меѓу 455 модели, во 13 категории.

Читателите на Ауто Илустрирте, најголемиот автомобилски магазин во Швајцарија, не се двоумеа на Алфа Ромео да ѝ признаат победи во повеќе категории во изборот за најдобар автомобил на годината. Италијанската премиум марка има долга успешна традиција на швајцарскиот пазар, каде што на возачките и возачите им се јасно видливи вредностите што им ги носи марката.

На Џулија седми пат во низа ѝ припадна првото место во конкуренција на лимузини од средната класа. Победоносен е и нејзиниот сестрински СУВ-модел Стелвио, што досега шестпати победи во категоријата на големи СУВ/теренци.

Третиот и најмлад модел во гамата, Тонале, исто така не остана без титули. На компактниот СУВ двапати му успева да биде најубедлив во својата категорија. Откако се лансирани на швајцарскиот пазар, Џулија, Стелвио и Тонале секоја година освојуваат прво место во своите категории.

Во прилог на успешното присуство на Алфа Ромео на швајцарскиот пазар говори и фактот што марката бележи најголем раст во продажбата во конкуренција на премиум марки, и тоа година за година.

Годинава, миланската марка победи и во три дополнителни категории во „Бест Карс Аворд“: Прво место за изглед/стил и место на подиумот во кагетгориите за ефектна реклама и популарност.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Концернот на Волво лансира 11 сателити за водење автономни автомобили

Повеќе од половина од продажбата во Европа отпаѓа на СУВ