Privacyguard.org: Кои апликации ја повредуваат приватната сфера?

Платформа развиена од Универзитетот Карнеги Мелон проверува кои апликации навлегуваат во приватната сфера. Засега таа работи со Андроид, но наскоро и со iOS и Windows Phone.

Постојат апликации за паметни телефони коишто се тоа што се – забавна игра или добра комуникација. Но, постојат и други апликации коишто во заднина вредно ги пренесуваат податоците за корисникот преку мрежата. Тоа пречи, затоа што го уништува и без тоа слабиот волумен на податоци. Но, многу повеќе пречи тоа што се повредува приватната сфера. Тука стапува на дело privacygrade.org. Оваа интернет страница развиена од студентите и професорите на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург ги проверува апликациите и ги оценува нивните опции за приватната сфера.

Научниците развија модел за анализа, којшто очекувањата на корисникот од одредена програма ја споредува со фактичкото однесување на апликацијата. Кога корисникот на паметен телефон ќе преземе некоја игра на пример, тој очекува дека апликацијата ќе ја дознае неговата локација и ги искористи неговите податоци за изработка на рекламен профил. Поголемиот дел од програмите во заднина сепак работат и нешто друго, како посегање по телефонскиот именик или читање на телефонскиот број на корисникот.

На интернет страницата се наоѓаат оцени од зелено А до црвено D за голем број познати апликации. Оценувањето не се води само врз основа на тоа дали програмата пренесува многу или малку податоци, туку и дали го прави истото од оправдани причини. На страницата може да се дознае дали програмата ја почитува сопствената приватна сфера и дали податоците подоцна ќе се искористат за телефонски повик во рекламни цели.

Pricacyguard.org сепак не ги проверува безбедносните аспекти, туку се работи само за изјавите за заштита на податоци на производителите. WhatsApp на пример, има оцена A, иако услугата донеодамна работеше без End-to-End кодирање.

Апликациите се пребаруваат или преку името или по рубрики. Покрај тоа, на страницата се објаснува кои функции на телефонот можат да ги користат апликациите и за која цел го прават тоа. Платформата моментно стои на располагање само за апликации за Андроид, но се планира сервисот да се прошири и на iOS и Windows Phone.

Претходна објаваКомби од Volkswagen Golf со 300 КС
Следна објаваСтудијата Prologue ја најавува дизајнерската револуција во Audi

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here