Порше Македонија: Електрично тест возење на Volkswagen ID

Слика од еден од бројните настани што Порше Македонија ги организира во своите напори да го одомаќи електричниот погон во Македонија

На 30. септември во Сервисно-продажниот центар на Порше Македонија се одржа до сега најголемото тест возење на електрични возила во државата. Посетителите и вљубениците во автомобилизмот имаа можност да поминат неколкучасовно дружење, во кои беа вклучени презентации и тест возења, а воедно и да дознаат како е возможно да поминат 400 км за 300 ден.

Настанот помина во одлична атмосфера, со голема посетеност и повеќе од 100 тест возења на вкупно 7 возила од електричните модели на Volkswagen ID.3, ID.4 и ID.4 GTX.

Настанот е дел од кампањата на Volkswagen – “Сакате да поминете 400км за 300ден?” со цел потрошувачите подобро да се запознаат и да поминат повеќе време во друштво на Volkswagen ID. електричните автомобили.

Во рамките на настанот се одржаа презентација за најзначајните особини на електричните возила, како и преглед на трошоци за возење на струја наспроти возење на традиционални горива:

Погон Потрошувачка во град, просек во пракса
Бензин 9 l/100 Km
Дизел 7 l/100 Km
Електричен 16 KWh/100 Km
Извор на енергија Актуелна цена со ДДВ
Безоловен бензин 95 87,0 ден./l
Еуродизел 85,5 ден./l
Електрична енергија, јавни полначи на ЕВН, тарифа со склучен договор 25 ден./KWh
Електрична енергија, домашна ниска тарифа 4,75 ден./KWh

Воедно, на настанот се презентираше и новиот ID.7 кој започнува со пред-продажба. Oд денес, клиентите ќе можат да го нарачаат моделот во пакетот спецификации Pro со автономија до 621 километар (WLTP).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

За лансирање на пазарот, Volkswagen го опреми ID.7 со особено удобни и висококвалитетни технологии. Стандардно се вклучени акцентите како што се head-up дисплејот со изменета реалност и системот за навигација „Discover Pro Max“.

Повеќе за овој модел може да дознаете на https://www.volkswagen.com.mk/id7

 

Претходна објаваПроизводителот на бандажи BBS оди во стечај
Следна објаваОд британските царини за автомобилите од ЕУ ќе имаат корист само Кинезите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here