Производителот на бандажи BBS оди во стечај

По четврти пат во своето постоење, реномираниот производител на бандажи BBS од германскиот Шилтах поднесува барање за поведување стечајна постапка.

Во двете фабрики на компанијата, во Шилтах и во Херболцхајм, се произведуваат алуминиумски тркала со леење под низок притисок, наменети за возила од премиум марките. Во моментов во фабриката се вработени 270 лица, а во минатата година беше остварен промет во висина од 50 милиони евра.

Како причина за кризата во BBS, стечајниот управник ги наведува драстично зголемените трошоци за енергија од една страна, што претставуваат голем товар за производството во коешто се користи многу енергија. Од друга страна, неизбежните покачувања на цените, заедно со растечката инфлација, доведоа до значително слабеење на побарувачката за скапите бандажи на BBS.

Веќе четврти стечај за BBS

„Денес ги известив вработените на двете локации за барањето за поведување стечајна постапка и правам увид во состојбата. Деловното работење продолжува на двете локации“, кажува експертот Мартин Муча, како стечаен управник.

BBS е основана во 1970 година. Трите букви BBS произлегуваат од имињата на основачите и од местото: Баумгартнер, Бранд, Шилтах. Компанијата во 2001 година отвори втора фабрика во Херболцхајм (округ Емендинген).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBS (@bbs_germany_official)

BBS претходно во 2007, 2011 и 2020 година мораше да објави стечај. При стечајот во јули 2020 година, производителот вработуваше повеќе од 500 лица.

Претходна објаваАвтопилотот на Mercedes вози кога сообраќајот ќе згусти
Следна објаваПорше Македонија: Електрично тест возење на Volkswagen ID

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here