за

Porsche Macan е новиот миленик на дамите

Појавувањето на компактниот теренец на Porsche во салоните е сė поблиску. Базиран на Audi Q5, новиот Macan ќе има мисија да ги освојува женските срца.

Последното тестирање пред серискиот старт на Porsche Macan заврши пред неколку денови во планинските предели на северот на Лос Анџелес. Како што е веќе познато, Macan ќе влезе во продажба напролет и ќе ја користи техниката од Audi Q5, но ќе поседува различен погон на сите тркала и различни мотори и ентериер, со што ќе ја оправда значката на хаубата.

Продажбата ќе стартува со три модели, основниот со 340 КС во Macan S, најсилниот Macan Turbo со 400 КС и дизел со 245 КС. Во сите три случаи, моторот е трилитарски V6. Подоцна понудата ќе се прошири со модел со дволитарски бензинец со 204, односно 233 КС. Сите моделски варијанти ќе поседуваат седумстепен менувач со двојна спојка, погон на сите тркала и пневматска амортизација. Со доплата ќе бидат на располагање активно подвозје и претконфигурирани програми за возење по различна подлога.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia воведува седумгодишна гаранција во Македонија

Новата Opel Meriva го следи стилот на знаменосецот Insignia