Во повеќето култури е вообичаено на постарите да им се изразува почит. Кај суперавтомобилите тоа не важи. Две различни генерации на суперспортски болиди на Porsche си ги одмеруваат силите.
Марката со спортските автомобили од Цуфенхаузен го претстави Carrera GT во 2003 година, како наследник на Porsche 911 GT1. Најдоброто што марката на Швабите можеше да го понуди во тоа време, беше достапно во овој автомобил до 2006 година. Потоа престана производството на моделот. Од пред две години, по трагите од гумите на овие два модела вози Porsche 918 Spyder. Двата гиганта сега се соочуваат на тркачка патека, каде што не важи респект за годините.
https://youtu.be/CHDAHw8N0k8
















