за

Porsche 959 за еден милион долари

Овој Porsche беше еден од најексклузивните автомобили во 1980-те години. На наддавањето во средината на јануари се очекува неговата цена да достигне еден милион долари.

Во средината од првиот месец од новата година ќе се одржи наддавање за автомобилот што во средината на 1980-те години претставуваше апсолутен нон-плус-ултра во целата бранша. На времето, Porsche 959 беше автомобил каков што можеа да поседуваат само најголемите ѕвезди од светски калибар, како тенисерот Борис Бекер или легендарниот диригент Херберт фон Карајан. Сé што автомобилската техника можеше да понуди во средината на 1980-те години, Porsche 959 го поседуваше, почнувајќи од интелигентен погон на сите тркала, преку електронска регулација на амортизацијата, до битурбо мотор со четиривентилска техника.

Швапскиот тркач изработен во серија од само 292 примерока најчесто е во црвена или сребрена боја. Примерокот што американската аукциска куќа RM Auctions ќе го понуди на наддавање во средината на јануари е во ретката графитна металик боја. Автомобилот е произведен во 1988 година и има поминато само 21.000 километри. Според RM Auctions, Porsche 959 е во совршена состојба и дури и оригиналниот алат во кожена футрола не е чепнат. Првиот сопственик бил менаџер од Италија, којшто потоа автомобилот го продал на колекционер од САД. Сегашниот, трет сопственик, му посветил најголемо внимание на автомобилот, во совршената клима во Јужна Калифорнија.

Ауциската куќа RM Auctions очекува возилото да достигне цена меѓу 900.000 и 1,1 милион долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi ќе инвестира 24 милијарди евра до 2019 година

Најбудалестите автомобилски видеа на годината