за

Porsche 918 Spyder се претрка себеси

Кусо пред да почне испораката на првите возила, 918 Spyder се развозе уште побрзо. Меѓу другото, забрзувањето од место до 300 километри на час сега трае само 20 секунди.

Како резултат од завршното дотерување, новиот суперспортски болид на Porsche сега забрзува уште подобро од првичните најави на фабриката. Со пакетот „Вајсах“, кој главно се состои од компоненти за намалување на тежината на возилото, 918 забрзува за само 2,6 секунди до сто (минус 0,2 секунда), за 7,2 секунди до 200 (минус 0,5 секунда) и за 19,9 секунди до 300 (минус 2,1 секунди)

Од олеснувањето профитираа и перформансите на електричниот погон на хибридниот тркач. Обата електромотора на предната и задната оска самостојно го потеруваат Spyder за 6,2 секунди до темпо 100, без ниту еден потрошен грам гориво. Тоа е подобрување од седум десетинки. Со пакетот „Вајсах“ спринтот трае 6,1 секунди.

Со време од 6:57 минути 918 Spyder со пакет „Вајсах“ го држи рекордот за сериски возила на „Северниот Јазол“ на патеката Нирбургринг. Во исто време хибридот е исклучително штедлив. При возење по норма, болидот на Porsche троши само 3,1 литри гориво на сто километри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Maserati Quattroporte е женски автомобил во Кина

Нов Mini: Ист како стариот, само подобар