за

Porsche прв се поврза со Apple Watch

Porsche е првиот автопроизводител што нуди поврзување на Apple Watch со возилото. На тој начин, возачот може да пристапи до функциите на Porsche Car Connect без потреба да посегнува по својот iPhone.

Паметниот часовник на Apple работи како дополнителен инструмент и дополнителна „команда“ во моделите на Porsche, поврзувајќи се со возилото преку iPhone. Часовникот на Apple информира за статусот на возилото и овозможува контрола и управување со одредени функции на возилото, преку гестикулација со дланките и допирање на дисплејот. Функцијата Remote, на пример, покажува дали се затворени вратите, прозорците, багажникот и сончевиот покрив. Со притискање со прст (функција „Force Touch“) возилото може и да се заклучи преку Apple Watch.

[quote_box_right]Со додавањето на Apple Watch се постигнува уште поголема индивидуалност и комфор во комуникацијата меѓу возачот и возилото преку Porsche Car Connect. Овој систем на Porsche ја користи мобилната мрежа, овозможувајќи комуникација со возилото на кое било растојание.[/quote_box_right]

Следна функција е „Сarfinder“ којашто ја покажува локацијата на возилото и по потреба го води сопственикот до автомобилот. Откако ќе се приближи до локацијата, возачот може да ги вклучи трепкачите или сирената на своето возило и на тој начин полесно да воочи каде се наоѓа возилото на големо паркиралиште или катна гаража.

Може да се контролираат и управуваат и најважните комфорни функции на хибридните модели на Porsche. Со поглед на дисплејот се проверува наполнетоста, досегот или преостанатото време за полнење на батериите. Во менито „Climate“, возачот со кусо допирање на екранот ја вклучува и климатизацијата во кабината.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi Quattro S1 на ридска трка: Потсеќање на легендата од групата Б

Jaguar XE: Дива мачка против германските технократи