Porsche ќе воведува трет теренец во понудата покрај Cayenne и Macan

Бизнисот со теренски модели му успева одлично на Porsche и спортската марка во меѓувреме продава повеќе теренци отколку купеа. Наскоро ќе следува и трет теренски модел, под Macan.

Откако Porsche стартуваше со продажбата на првиот Cayenne пред дванаесет години, касата на марката од Цуфенхаузен претекува. Долгите рокови на испорака и високите цени не ги колебаат купувачите. Затоа и не зачудува што спортската марка размислува да воведе и трет модел во понудата на теренци, позициониран под Macan и изработен врз основа на компактниот Q3. Пуристите не се побунуваат околу идејата да се воведе поевтин теренец, за разлика од „востанието“ што се крена кај љубителите на марката, кога беа најавени планови за развој на спортско купе под Boxster и Cayman. Новиот модел ќе се развива под мотото „спортски автомобил меѓу компактните кросовери.

Идејата за кросовер со две врати и купе каросерија, како спој на Cayman и стилски елементи на теренец можеби и не е толку лоша
Идејата за кросовер со две врати и купе каросерија, како спој на Cayman и стилски елементи на теренец можеби и не е толку лоша

Помало купе не може, ама помал теренец може

Во Porsche првично се планирал купе-модел со две седишта, како спој на Cayman и 911, со зголемено растојание од подлогата и стилски елементи на теренски автомобил, но интерните истражувања покажале премногу остра реакција кај традиционалистите и „бранителите“ на имиџот на марката за таков вид на возило. Од тие причини, идниот компактен кросовер мора да има четири врати, иако идејата за кросовер во стил на спортските купеа на марката и не е толку лоша.

Повеќе отстапки мора да се направат под хаубата. Тука нема да има место за боксер или V6 моторите на куќата, па затоа ќе мора да се посегне по стандардната понуда од четирицилиндарци во Audi Q3. За Macan исто така се подготвува верзија со четирицилиндарски мотор. Во моментов, најсилниот дизел со четири цилиндри во Porsche ослободува 275 КС, додека кај бензинците се оди до 400 КС. Цената на уште безимениот компактен кросовер би се движела меѓу 40.000 и 60.000 евра, а пазарниот старт би следувал најдоцна до 2020 година.

Претходна објаваАвтомобилскиот лак бара посебна грижа лете
Следна објаваPajero за практичари: Mitsubishi L200 во петтата генерација

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here