Porsche ја откажа соработката со Шарапова по допинг-скандалот

Porsche реши да ја прекине соработката со тенисерската ѕвезда Марија Шарапова по позитивниот допинг-тест. Русинката лани заработе десетици милиони евра главно од спонзорските договори.

По позитивниот допинг-тест на тенисерката Марија Шарапова, спортската марка од Штутгарт ја стави во мирување соработката со тенисерската ѕвезда, којашто досега масовно се појавуваше во рекламите и на настаните на Porsche. Тестовите на „Австралија Опен“ докажаа присуство на мелдониум кај руската тенисерка, кој од годинава се наоѓа на листата на забранети средства на агенцијата за антидопинг.

Производителот на спортска облека Nike исто така го раскина договорот со 28-годишната спортистка, додека марката часовници Tag Heuer не ѝ го продолжи договорот што истече на завршетокот од минатата година. Шарапова лани заработила 29,5 милиони долари, првенствено од спонзорски договори.

porsche sharapova (1)

Претходна објаваТеренецот F-Pace ќе стане најпродаван модел на Jaguar?
Следна објаваПедесетгодишнина на култната Skoda што го привлече вниманието на Западот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here