за

Шведски Полстар 4 ќе се произведува во фабриката на Рено во Јужна Кореја

Со овој потег, Полстар, којшто е дел од Џили, ќе избегне 25% царина што САД ја наплаќаат за увоз на возила произведени во Кина.

Полстар ќе го прошири производството на својот втор кросовер-модел надвор од Кина, откако во средината на 2025 година ќе започне да го произведува Полстар 4 во фабриката на Рено во Бусан, Јужна Кореја.

Со овој потег, холдинг групацијата Џили, во чијашто сопственост е шведскиот производител на електрични возила Полстар, ќе избегне неговите автомобили да бидат оптоварени со увозна царинска стапка во висина од 25 проценти, што важи за возила произведени во Кина.

„За нас е исклучително важен чекор да најдеме производство за Полстар 4 коешто ќе ѝ парира на Кина,“ изјави извршниот директор Томас Ингенлат на Денот на Полстар, настан на којшто шведскиот производител ги запозна медиумите и аналитичарите за тековниот бинзис и за идните модели.

Производството на Полстар 4 ќе започне во следната недела во фабриката во Цикси, Кина. Таму ќе се произведуваат и модели за другите марки на Џили, како Линк и Цо и Зикр.

Производството на автомобили ќе се прошири во Бусан, како дел од договорот за производство по налог, меѓу Полстар, Џили и Рено Кореа Моторс. Џили во 2022 година, по цена од 200 милиони долари, презеде повеќе од една третина од бизнисот на Рено во Јужна Кореја. Рено има и други договори со Џили, вклучувајќи планови за платформите на кинеската компанија да се користат за модели што ќе се нудат на светскиот пазар.

Фабриката на Рено во Бусан ќе ги испорачува возилата Полстар 4 за пазарите во Северна Америка и Јужна Кореја.

Спогодбата за слободна трговија меѓу САД и Јужна Кореја овозможува Полстар да го увезува новиот кросовер по конкурентна цена, напоменува Ингенлат.

„Голема шанса е да се поседува привлечен производ“ во САД, кажа директорот. „Тоа е важно за автомобилот да биде профитабилен.“

Кога Џили лани презеде 34 проценти од Рено Кореа Моторс, беше за очекување дека кинескиот конгломерат ќе ја искористи фабриката во Бусан за да пристапи на пазари надвор од Кина, особено откако почнаа да растат заканите за воведување
царини за заштита од кинеските евтини возила.

„Пренесувањето во Јужна Кореја на производството на моделите на Полстар за извоз го спушта прагот на рентабилноста“, оценува потпретседателот а Ауто Форкаст Солушнс, Сем Фиорани.

Имајќи ја предвид големината на пазарот во САД, кажува Ингенлат, Полстар отсекогаш планирал да ја прошири својата производствена база во регионот.

„Тие планови почнаа да се забрзуваат силно, поради препреките што им се поставуваат на производителите на автомобили при самиот увоз на автомобили во земјата“, кажа шефот.

Договорот за производство во Јужна Кореја е најнов пример за стратегијата за „малку фабрики“ на Полстар.

Фабриките на Џили ширум светот, мрежата од добавувачи и центрите за развој, ѝ овозможуваат на младата марка Полстар да се посвети повеќе на производство и на технологија, место на производство или логистика.

Полстар во првата половина од следната година ќе почне да го произведува компактниот кросовер Полстар 3 во САД, во фабриката на Волво во Риџвил, Јужна Каролина. Фабриката се простира на површина од 21 хектари. Полстар 3 користи иста платформа со ЕИкс90, електричниот знаменосец на Волво, којшто исто така ќе се произведува во Јужна Каролина.

„Посебна сорта“

Кросовер купето Полстар 4 се води како најбрз модел на марката и ќе почне да се продава во Европа и САД во 2024 година.

Ингенлат го опишува Полстар 4 како „специјална раса на СУВ“.

Иако седењето е повисоко во споредба со лимузина, „направивме тој да биде мошне аеродинамичен и во исто време со просторна внатрешност.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Polestar (@polestarcars)

Полстар 4 треба да постигне поголема продажба и клучен е за амбициите на марката да продаде меѓу 155.000 и 165.000 возила во фискалната 2025 година. Менаџерите очекуваат дека Полстар дотогаш ќе почне да носи добивка.

Како конкуренција, Полстар 4 ќе мора да се соочи со еден од најпродаваните автомобили во САД, Тесла Модел Ипсилон. Шведската марка цели на купувачи што бараат просторност, но исто така придаваат значење на дизајнот и на перформансите.

Конструиран врз платформата на Џили за големи автомобили, Полстар 4 нема заден прозорец и располага со сосем нов вид внатрешен ретровизор. На дисплејот со висока резолуција се прикажуваат случувањата во реално време, што ги снима камерата поставена на покривот. На тој начин возачот стекнува претстава што се случува зад возилото.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Коч Холдинг му откажа на Форд за фабриката за батерии во Турција

Опел од следната година ќе има електрична изведба од секој модел