за

Опел од следната година ќе има електрична изведба од секој модел

Извршниот директор на Опел, Флориан Хутл, на почетокот на автомобилскиот конгрес што се одржува во Берлин, најави забрзано воведување на електрични модели во понудата на германската марка.

Шефот Флориан Хутл ексклузивно на конгресот што во Берлин го организира Аутомобилвохе, гласило на германската автомобилска индустрија, најави дека од следната година, од секој модел на марката Опел ќе биде достапна и изведба со целосно електричен погон.

Преостанатите моделски серии во понудата на Опел, од коишто досега не беше понудена целосно електрична изведба, в година ќе добијат и таква изведба. Во текот на следната година, Опел во секоја своја моделска серија ќе нуди најмалку по еден модел со батериски електричен погон, најави извршниот директор Флориан Хутл на конгресот на Аутомобилвохе во Берлин.

„Со целосно електричните наследнички на Кросленд и Грандленд ќе ја заокружиме нашата понуда од електрични модели“, кажа Хутл на важниот собир на германската автомобилска индустрија.

Тоа се единствените два модели што досега не беа понудени во целосно електрична изведба, покрај Корса, Мока, Астра, Комбо, Мовано, Виваро, Зафира и Рокс, сите со додавка Електрик.

Од 2025 година, секоја нова моделска серија што Опел ќе ја нуди на пазарот, ќе биде достапна и во изведба со погон на струја. Конечниот рок за моделите со мотори со внатрешно согорување се предвидува за 2028 година. „2028 е нашата крајна одредница за целосен завршеток со производството на мотори“, кажа Хутл.

Опел има поголем удел на пазарот на електрични возила

Опел добива поддршка од купувачите, на својот пат кон целосно електрична марка. Уделот што марката Опел го ужива на пазарот на целосно електрични модели, значително е поголем од уделот што марката го постигнува со сите свои возила. „На вкупниот пазар годинава достигнавме околу 14 проценти, додека во подрачјето на електричните модели имаме над 30 проценти. Поради тоа сметаме дека оваа пресвртница е шанса за нас.“

„Нашата цел е мобилност што е ЦО2-неутрална и што луѓето можат да си ја дозволат.“ Хутл порача пред 250-те учесници на стручниот конгрес: „Во 2024 година не одбележуваме само важен јубилеј на фирмата. Ние на впечатлив начин ќе покажеме колку Опел се пробива успешно во времето додека автомобилската индустрија се трансформира.“

Опел в година ќе го одбележи својотг 125-ти роденден. Компанијата е основана во Риселсхајм уште во 1862 година, меѓутоа производството на автомобили започна во 1899 година. Од почетокот на 2021 година, Опел е дел од тогаш новооснованата групација Стелантис, во којашто спаѓаат 14 автомобилски марки, околу Пежо и Фиат.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шведски Полстар 4 ќе се произведува во фабриката на Рено во Јужна Кореја

Тексас вторпат ја прогласи Тојота Тундра за најдобар пикап