Peugeot стартува со продажба на возила преку интернет

Место во продажен салон, купувачите на Peugeot отсега можат целата постапка на купување возило да ја завршат преку интернет, почнувајќи од изборот и конфигурацијата на автомобилот, до плаќањето. Peugeot избра Велика Британија да биде првата земја во којашто ќе ја нуди оваа услуга.

Peugeot стартуваше комплетна услуга на купување возило преку интернет. „Order Online by Peugeot“ за првпат во светот овозможува секој чекор во постапката на купување автомобил да се заврши онлајн.

Клиентите можат да ја користат услугата за конфигурирање на новиот автомобил по своја желба, за веродостојна процена на постоечкиот автомобил и секако за избор на начинот на плаќање и финансирање којшто одговара најмногу според буџетот на клиентот.

„По традиција, посетата на дилерството е непријатна за купувачите на автомобили. Со електронското купување од Peugeot, притисокот при донесувањето одлука не постои. Клиентот има полна контрола и може да се посвети на саканата спецификација и на моделот на финансирање, да се премисли и да ги повтори чекорите неограничен број пати“

Системот е веќе пуштен во работа. Потенцијалните купувачи можат да ги зачуваат деталите за набавката на возилото на сопствената корисничка сметка што е заштитена со лозинка, оставајќи си доволно време да размислат околу купувањето пред да притиснат на „купи“ или да направат корекции во моделот на плаќање и во избраната опрема.

Според вебдизајнерите на Peugeot, целиот процес од изборот на возилото до плаќањето може да се заврши за само половина час, без потреба да се посетува дилерот за потпишување на документацијата, со купување од дома. Од британската подружница на Peugeot објаснуваат: „По традиција, посетата на дилерството е непријатна за купувачите на автомобили. Со електронското купување од Peugeot, притисокот при донесувањето одлука не постои. Клиентот има полна контрола и може да се посвети на саканата спецификација и на моделот на финансирање, да се премисли и да ги повтори чекорите неограничен број пати.“

Класичното дилерство сепак останува незаменливо кога купувачот ќе посака претходно да изврши тест-возење на саканиот модел. Испораката на возилото може да се изврши преку локалниот дилер или до домот на купувачот. Првата нарачка на возило следуваше само 12 часа по „тивкото“ пуштање на системот во работа.

Претходна објаваСедумдесет години од првиот пикап на Mitsubishi
Следна објаваНорвешка лани регистрирала 45.000 нови електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here