Peugeot пред половина година повика пет исклучителни фотографи од светски глас и побара од нив да прикажат преку свои дела, како тие гледаат на привлечноста, на „allure“. Резултатите се готови и секако дека се видливи.
Петте фотографи избраа сопствени локации и сопствен пристап, за да прикажат што нив им значи „allure“. Како спонзор и иницијатор на овој проект, што е сосем веродостојно да се oцени како светски настан, Peugeot сними пет скапи документарни филмови.
Уметниците на овие дела се Тереса Фреитас, Мистер Фифу, Лорен Бахо, Оливиеро
Тоскани и Лорен Лабори.
Тереза Фреитас – Атласот на боите
- Снимано во Мароко
За Тереза, боите се извор на визуелно уживање. Таа се впушти во патување од соништата со својот Peugeot 208, за да ја истражува „суптилната експресија на боите што таа ги сака“, пишуваат од одделението за јавност на француската марка. Резултатот се флорални снимки во пастелни тонови, коишто остануваат верни на нејзиниот деликатен и поетски свет на уметноста.
Лорен Бахо – Во дивините на Кенија
- Снимано во Кенија
Лорен со својот Landtrek појде во животинското царство, за да ја овековечи суровата и природна моќ на привлечноста. Неговата работа нé води преку моќта, убавината и гордоста на кралот на саваната, лавот.
Мистер Фифу – Потрага по гордоста
- Снимано во Монтреј, Франција
Подолго од дваесет години, Мистер Фифу е уметнички директор за безброј прочуени рапери, автор на преку 800 обвивки на албуми. Од невообичаени агли, тој ја истражува урбаната култура со својот 408, за да понуди единствен и електричен приказ на привлечноста преку моќта и гордоста.
Оливиеро Тоскани – Чиста Тоскана
- Снимано во Тоскана, Италија
Оливиеро одбра да ја истражува Вал д’Орча со својот 408 – во регионот што му е мил. Тој верува дека привлечноста може да биде создадена од човекот и неговите фотографии нé пренесуваат во светот, во којшто зафатите од човекот се втопуваат неосетно во природната средина.
Лорен Лабори – Жена на жена
- Снимано на Лансароте, Канарски Острови
Лорен е светски прочуена модна фотографка и за својата задача ја избра Лансароте. Преку гламурозно патување со својот 308, таа ја овековечи женската привлечност. Моќна, магнетска, енигматична, харизматична и модерна, незината моделка е совршена инкарнација на привлечноста.
Peugeot и галеријата Yellow Korner, којашто беше главен организатор на овој потфат, ќе ги прикажат фотографиите ширум Европа
Соработката PEUGEOT x YELLOW KORNER нема да заврши со објавување на фотографиите и видеата. Двете марки ќе ги прикажат сиве дела низ галериите на YELLOWKORNER ширум Европа.
На 11-ти октомври, фотограиите беа прикажани на настан со посебни покани во париската галерија „La Hune“. На настанот присуствуваа и извшната директорка Линда Џексон, маркетинг директорот Фил Јорк, основачот на Јелоу Корнер, Александре Де Мец и уште бројни високи гости.
Врска до страницата на Yellow Corner за продажба на фотографиите
https://www.yellowkorner.com/en/art-photographs/peugeot-x-yellowkorner/
Делата ќе бидат изложувани и во салоните на Peugeot, а преку вебсајтот на YELLOW KORNER ќе можат и да се купат.
















