Тојота Сити дел по дел ги открива новитетите што ги има подготвено за премиера на големиот Јапан Мобилиту Шоу 2023, што се одржува кон завршетокот на октомври. Во првиот бран новитети, Toyota ги најавува концептите FT-Se и FT-3e, едниот спортско купе, другиот кросовер, двата со елеткричен погон.
Кај Toyota и тоа е прецизно. Кога Јапонците прикажуваат концептен автомобил и тој е именуван FT – што значи Future Toyota – тоа е сосем извесно дека е година или две пред да прерасне во сериски модел и да се појави во продажба.
За традиционалниот Салон на автомобили во Токио, што по примерот на Минхен стана „Мобилити Шоу“, Toyota има подготвено дузина новитети и дел по дел ги најавува, без да открива детали. На големиот штанд во Токио ќе се најдат и концептните автомобили со електричен погон, спортското купе FT-Se и компактниот кросовер FT-3e.
Јапонскиот примус остава голема неизвесност околу тоа какви автомобили ќе бидат прикажани. Toyota единствено наведува дека тоа ќе бидат „уникатни ценети возила, облагодорени со лични вредности“. Тоа е многу воопштено и познавачите се предизвикани да нагаѓаат. Една претпоставка е дека FT-Se ќе биде најава за идната Celica со електричен погон.
Додека во оваа прва најава се прикажува и формата на вториот концептен автомобил, кросоверот FT-3e, за спортскиот FT-Se се прикажува фотографија од опашот и од впечатливата форма на страничните прозорци. Голема помош е ознаката GR што се чита на опашот. Така веќе се добива подобра претстава за моделот што ќе произлезе од концептот.
Мошне е веројатно дека тоа ќе биде GR Celica, со мошне „дрска“ силуета, што потсеќа на некогашните прототипи, односно на денешните хиперавтомобили со коишто Toyota се натпреварува во светското првенство во издржливост.

Од неколкуте спетакуларни зафати во аеродинамичноста на каросеријата и од моќниот дуфузор долу, јасно е дека станува збор за автомобил што треба да постигне екстреми. Денешната Supra, патем, исто така беше најавена како FT-1 во јануари 2014 година.
Кросоверот и спортското купе ја делат истата техника
Новиот шеф Коџи Сато веќе подолго време зборува дека сака возачкото искуство во електричните автомобили на Toyota да биде различно од моделите со класичен погон. Оттаму и најавата дека двата нови концепти ќе „прикажат ново искуство и иднина што е трансформирана од електрификацијата и интелигенцијата.“

Јапан Мобилити Шоу 2023 почнува в четврток, на 26-ти октомври, и трае до 5-ти ноември. Настапот на Toyota ќе се одржува под мотото „Let’s Change the Future of Cars—Find Your Future” – да ја смениме иднината на автомобилите – најди ја својата иднина.
FT-3e и FT-Se се првите два модели што Toyota ги најавува како премиера на салонот во Токио
Идејата што е применета во развојот на концептите е автомобилот да не биде само средство за превоз од точка А до точка Б, туку да стане партнер во животниот стил, што верно ги следи потребите и желбите на секој клиент.

FT-3e и FT-Se располагаат со динамични возни својства и емотивен дизајн, нудат широк опсег можности за конфигурирање на начинот на работа и секако дека нудат пристап до најразлични онлајн-услуги.
















