Peugeot е најпродавана марка во Белгија, новиот 308 прв во класа

Одлични резултати на Peugeot во Белгија во првото тромесечје. Патничките автомобили и лесните товарни возила заедно им донесоа на Французите титула на најпродавана марка на белгискиот пазар од јануари до март.

Со вкупно 8.723 продадени патнички автомобили во првото тромесечје и 2.213 лесни товарни возила, Peugeot е најпродавана марка на белгискиот пазар во првиот квартал од 2022 година. Во конкуренција само на товарни модели, Peugeot е апсолутен лидер, пред Mercedes. Меѓу патничките автомобили, големо изненадување е тоа што првото место му припаѓа на BMW, што води со 9.460 продадени возила во првите три месеци, за 737 возила повеќе од Peugeot. Трет во продажбата чисто на патнички автомобили е Volkswagen, а потоа следат уште две премиум марки, Mercedes, па Audi.

Патничките и товарните модели што го носат лавот во грбот на марката вкупно постигнале 10.936 продажби на белгискиот пазар во првиот квартал, што соодветствува на 9,25 проценти од пазарот.

Не е изненадување тоа што силниот поттик во продажбата доаѓа од новиот Peugeot 308, којшто беше најпродаван модел во компакт класата во минатиот месец. Одлично се продаваат и останатите модели. Меѓу нив, секако предничи урбаниот СУВ-модел Peugeot 2008, што воедно и води во својот сегмент во првиот квартал, со удел од 13 проценти во продажбата.

Втор во градската класа е Peugeot 208, чијшто пазарен удел изнесува 11,6 проценти. Двата модели се достапни на белгискиот пазар и во изведба со 100% погон на струја, во моделските изведби e-208 и e-2008. Од белгискиот увозник на Peugeot наведуваат дека е постигнато значително зголемување во продажбата на чисто електричните модели. За конкретните бројки ќе мора да се почека додека бидат објавени деталните статистики од продажбата по модели во првиот квартал.

Бас Вивен, директор на Peugeot Belux, открива еден важен момент, во врска со масивната продажба на електричните модели e-208/e-2008 и на престојното воведување на чисто електричната изведба e-308: „Тоа е само почетокот. Клиентите на марката ќе се радуваат на комплетно нов модел во втората половина од годината, а за 2023 година исто можеме да им ветиме пријатни изненадувања…”

Новиот модел за годинава е мошне веројатно да биде кросовер-купето Peugeot 4008, чијшто точен изглед уште не успеваат да го погодат „дизајн-шпекулантите“. За останатите новини, кабриолет во гамата на француската марка би бил мошне пригодно освежување. Или Peugeot 308 PSE, со по еден електромотор на секоја оска и со инженеринг на Peugeot Sport.

Нов СУВ-модел на Peugeot: Каде што има 3008 и 5008, има место и за 4008

Претходна објаваKia Sportage во Кореја со раст од 525%, Hyundai ја губи трката
Следна објаваVolvo вложува во технологија за брзо полнење батерии

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here