Volvo вложува во технологија за брзо полнење батерии

StoreDot работи на пионерска технологија, којашто според израелската компанија овозможува енергија за 160 километри да се наполни за само пет минути. Вложувањето на Volvo Cars отвора можност за потесна соработка со StoreDot во новата технологија. Швеѓаните планираат по 2030 година да произведуваат единствено електрични автомобили.

Преку соработката со Volvo Cars, израелската StoreDot очекува да го забрза пуштањето на технологијата во масовно производство, што би можело да се случи веќе во 2024 година. Volvo Cars е прв производител на премиум автомобили што вложува во StoreDot.

Соработката меѓу двете компании главно ќе се одвива во рамките на заедничката инвестиција што Volvo ја реализираше лани со Northvolt, водечки производител на батерии од Шведска. Преку вложувањето во StoreDot, Volvo Cars има гаранција дека ќе може да ја користи која било технологија што ќе произлезе од соработката.

„Нашата цел е да бидеме најбрз реноватор во нашата индустрија и технолошкиот фонд има клучна улога во воспоставувањето партнерства со лидерите во технологијата на иднината“, изјави Александар Петрофски, директор на Volvo Cars Tech Fund. 

Пионерската технологија на StoreDot се состои во единствена технологија на изработка на аноди, што претежно се состојат од силикон, како и соодветна интеграција на софтвер. Технологијата ќе овозможи исклучително брзо полнење на батеријата, што се совпаѓа со амбицијата на Volvo за развој на електрични автомобили со подолг досег, побрзо полнење и подостапна цена.

Volvo Cars е прв производител што се обврза дека ќе премине на целосно електирчна понуда од модели, до 2030 година. Веќе на половината од декадава, половина од продажбата на автомобили на Volvo на светскиот пазар ќе се состои од чисто електрични модели.

Заедничкиот проект со Northvolt, којшто стартуваше лани, ќе се посвети на развој и производство на врвни батериски ќелии, посебно и наменски развиени за следната генерација автомобили на Volvo и Polestar со чисто електричен погон.

Проектот вреден 30 милијарди круни, што одговара на 2,9 милијарди евра, опфаќа заеднички центар за истражување и развој, како и фабрика за производство на батерии во близина на Гетеборг. Со заедничкиот проект се отвораат повеќе од 3.000 работни места и воедно се трасира патот за амбициозната стратегија на електрификација на Volvo.

Во следните години, Volvo ќе претстави комплетно ново моделско семејство од автомобили со електричен погон, што се цени како еден од најхрабрите чекори на електрификација во браншата. До 2040 година, сите активности на компанијата, вклучувајќи ја енергијата за производство на возила и батерии, ќе биде целосно неутрална во однос на СО2.

Volvo за најпрестижниот настан во коњички скокови во Париз

Претходна објаваPeugeot е најпродавана марка во Белгија, новиот 308 прв во класа
Следна објаваMercedes EQS SUV: Славче Таневски создаде електричен дизајн

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here