Kia Sportage во Кореја со раст од 525%, Hyundai ја губи трката

На корејскиот пазар во минатиот месец биле продадени вкупно 136.041 патнички автомобили, со удел на домашните марки од 81,7 проценти. Mercedes, BMW и Volvo се најпродавани странски марки. Посебно се издвојува успехот на новата генерација на Kia Sportage.

Kia ја презема трката на домашниот пазар. Со вкупно 121.664 патнички автомобили во првиот квартал, Kia е најпродавана марка на корејскиот пазар, пред Hyundai. Традиционално високо се пласирани германските премиум марки, Mercedes со 18.142 возила на четвртото место и BMW со 18.043 возила на петтото место. Од не-премиум странските марки, прв е Volkswagen, којшто се наоѓа дури на 10-то место, со 3.374 возила во првите три месеци од годината.

Во конкуренција на модели, продажбата ја предводат доставните возила Hyundai Porter и Kia Bongo, коишто се водат во корејската статистика заедно со патничките автомобили. Првиот најпродаван патнички модел е луксузниот Kia Sorento, на третото место со 15.277 примероци, по него следи лимузината Genesis G80 со 14.123 примероци. Моделот што забрзува најдобро на пазарот е Kia Sportage, којшто по генерациската смена се искачува нагло на листата и по првите три месеци е на 9-то место, со вкупно 13.155 примероци.

Kia Sportage во март се продавал за 50% подобро од Hyundai Tucson, со раст од 525% наспроти пад од 45 проценти

Доколку се гледа само мартовската продажба, тогаш новиот Kia Sportage e најпродаван модел, по големиот и скап Kia Sorento, и по службената лимузина Hyundai Grandeur. Растот од 525% во споредба со март лани е сензационален. Конкурентскиот Hyundai Tucson веќе заостанува во споредба со Sportage, со само 9.043 продадени примероци од јануари до март и со пад од 45 проценти.

Од електричната Kia EV6 во март биле продадени 2.689 примероци. Техно-кросоверот и носител на титулата на Европски автомобил на 2022 година е само два месеци во продажба на корејскиот пазар.

Седум денови во Kia Sportage: Први впечатоци

Претходна објаваУтре е премиерата на Mercedes EQS SUV, дизајнер е Славче Таневски
Следна објаваPeugeot е најпродавана марка во Белгија, новиот 308 прв во класа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here