Во 1893 година: Првиот автомобил во Италија бил Peugeot

Новиот компакт на Французите го круниса тоа што пред него го постигна шампионската низа 208 – 2008 – 3008 – 508. Додека сцената го чека кросоверот во гамата на Peugeot 308, веројатно со ознака 4008, кусо потсетување на едно посебно важно историско поглавје. Првиот автомобил во Италија бил Peugeot.

Тројката е голема бројка за Peugeot. Така било отекогаш. Тоа е бројката што ја носи историскиот Peugeot Type 3, претходник на серијата 300, од којашто денес го имаме 308. А, тројката е голема бројка и за автомобилска Италија. Првиот автомобил што возел низ Италија е Peugeot Type 3, во 1893 година. Четириседот со визави-поставеност на седиштата го купил контот Гаетано Роси од гратчето Пиовене Рокете, во близина на Виченца, во северна Италија. Контот го користел францускиот автомобил по патиштата околу Виченца за да го одржува и унапредува својот бизнис. 

По тој повод, Peugeot го фотографираше новиот 308 во светски прочуените убавини на овој италијански предел. Тие што имале можност да патуваат во овие краишта, на фотографиите ќе го препознаат мостот Понте Векио во гратчето Басано дел Грапа, проектиран од ахитектот Андреа Паладио и изграден во 1569 година. Мостот неодамна беше обновен, по враќањето под надлежност на општината.

Патиштата во Виченца имаат богата историја, што се темели врз интензивната трговија со стоки што се одвивала по нив. Секако дека овие патишта имаат и посебно значење, заради историското поглавје поврзано со првиот автомобил во Италија.

Во 1891 година: Уште пред да бидат основани голем број од производителите на автомобили што ги познаваме денес, Peugeot (основан во 1810 година како производител на алати, оттаму доаѓа и лавот во грбот на марката, поради острината на забите) започнал со производство на еден од најуспешните модели во тоа време. Секако, станува збор за Type 3, од којшто биле произведени 63 примероци.

Во 1893 година, првиот автомобил што сообраќал низ Италија бил Peugeot Type 3, произведен како 25-ти автомобил во серијата. Купувач бил контот Гаетано Роси од Пиовене Рокете. Тој го нарачал автомобилот на 30-ти август 1892 година и истиот му бил испорачан на 2-ри јануари 1893 година. Контот го користел автомобилот на релација меѓу Пиовене Рокете и Скио, помагајќи му да го води бизнисот.

Дури во пролетта 2000-та, Фабрицио Таиана, секретар на историскиот клуб на Peugeot во Италија, проучувајќи ја историјата на компанијата во Париз, открил дека нарачаниот Type 3 од италијанскиот конт, навистина возел низ Виченца. Сé дотогаш се верувало дека автомобилот останал во Франција

Peugeot Type 3 бил купен по цена од 5.552,2 француски франци, што одговарало на близу 7 годишни плати). Од 1954 година, возилото се чува во музејот Мауто во Торино. Во Пиовене Рокете денес се наоѓа споменик во чест на Арман Пежо, што потсетува на пионерските денови на автомобизмот во Италија пред близу 130 години, поврзани со Type 3.

Линк до страницата на Мауто во Торино

https://www.museoauto.com/en/collezione_en/tipo-3/

https://photos.app.goo.gl/ntALhsHNywPi7Dsu8

https://photos.app.goo.gl/DxbkGobgcfzRfvsk9

https://photos.app.goo.gl/xhif1YZnsf1pTVmUA

https://photos.app.goo.gl/LMMdM3j5wQpUXYmq8

https://photos.app.goo.gl/FrSC1moMkGySF1xp7

https://photos.app.goo.gl/oqvPVP3LNbbuioJw9

https://photos.app.goo.gl/P2roTBuTJfo9Wz5J9

https://photos.app.goo.gl/hJ4daUYyJymomcHc6

https://photos.app.goo.gl/cUr8f6mWhCs3sKpw8

https://photos.app.goo.gl/x8pquACfvjyxb7zZA

https://photos.app.goo.gl/Y4d8dyBUf3NhE2X96

https://photos.app.goo.gl/FSP8krTL6vNH995L9

Тест-возење на Peugeot 308: Колку француски може да биде еден автомобил?

 

Претходна објаваОд очила Seetroen до мраз во форма на Mehari: Онлајн-продавница на Citroen
Следна објаваНајдобри европски градови за поседување електрични возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here