Французите ѝ направија „фејслифт“ и на својата онлајн-продавница за секаков вид производи што можат да се поврзат со Citroen. Нарачката е поедноставена, има поддршка за сите видови плаќање и се врши испорака ширум светот. Посебноста на стилот на повеќето производи е главната одлика на тоа што навистина вреди да се има покрај себе со печат на Citroen.
Љубителите на марката Citroen и тие што можат да разберат зошто луѓето ја сакаат француската марка, сега имаат на располагање нова Lifestyle Citroën онлајн-продавница, на четири јазици (француски, англиски, шпански, италијански), вклучувајќи и онлајн-поддршка за прашања поврзани со продавницата.
Мошне се интересни производите, со понуда што опфаќа широк дијапазон, од малечки автомобили до облека, детски играчки, велосипед, па дури и модни парчиња облека. Повеќе производи навистина се издвојуваат со оригиналноста. Тоа е впрочем и идејата на понудата, производите да бидат исто толку оригинални како што се историските модели на Citroen. По долги генерации, и тековната постава од модели со двата забци во маската, повторно прикажува оригинална нота.
Високата функционалност и привлечноста на продавницата доаѓаат од платформата за е-трговија на Oreca Digital Retail, со 40-годишно искуство во оваа дејност.
Продавницата е достапна на следниот линк: https://lifestyle.citroen.com
Најпродаваните производи на Lifestyle Citroën online-store
Минијатурен Citroën C5 X: Модел-автомобилот во размер 1/43 e верен до најситен детал со оригиналниот кросовер што наскоро треба да стартува во салоните на марката. Може да се избира меѓу магнетик сина и амазонит сива боја. Секако дека тоа за многумина ќе биде вредно надополнување на колекцијата од модел-автомобили на француската марка.
CITROËN ORIGINS MEN’S SWEATSHIRT: Машкиот дуксер носи знак Citroën Origins и штити при невреме, а мекиот материјал обезбедува комфор.
MEHARI ORIGINS ICE CUBE TRAY: Калапот во којшто мрзнат форми на легендарниот модел Mehari е веројатно најодушевувачкиот производ, којшто е дел од колекцијата Citroën Origins. Тоа ќе им се допадне на гостите.
CITROËN WOODEN GARAGE: Детската играчка е креирана заедно со Janod, изработена е од природно дрво и се состои од 3 ката, мануелен лифт, пумпа за тоење гориво, 4 возила и 3 човечки фигури. Наменета е за дечиња на возраст од 3 години нагоре. Има и работа за составување, како и налепници.
Seetroën glasses: И најоригиналниот од сите најоригинални производи, очила Seetroen. Не е само дизајнот, туку и функцијата. Тоа се првите очила против мачнина при движење. Прочуените очила користат патентирана технологија на Boarding Ring и дизајнирани се специјално во Студиото 5.5. Кога ќе се појават првите знаци на мачнина, очилата се носат 10 до 12 минути, за сетилата повторно да се усогласат.
На тоа ќе го додадеме нашиот коментар, од претходни сознанија: За мачнината што обично се јавува кај дечињата при патување со автомобил, лекарите велат дека се јавува кога се гледа пред себе и погледот не регистрира движење, додека останатите сетила го регистрираат тоа. Поради таа неусогласеност, меѓу тоа што се гледа и тоа што се чувствува, се јавува мачнина. Значи, проблемот би бил решен ако децата, и не само децата, при патувањето ја гледаат средината во којашто се вози.
Citroen C3 Aircross ја има вградено авантурата: По стариот пат од Велес за Прилеп