за

Mercedes-Benz ќе им исплати 5 милијарди € дивиденда на акционерите

Прво акционерско собрание на Mercedes-Benz Group AG, откако камионите се издвоени под Daimler Trucks & Buses. Од 1,3 евро по акција во 2020, на акционерите за минатата година ќе им се исплатат по 5 евра по акција.

Деловните резултати на Mercedes-Benz Group AG ги успокојуваат акционерите во Штутгарт: За 30% зголемена продажбата на модели од најскапите сегменти, за 64% зголемена продажбата на електрични автомобили и за 118% на електричните ванови, a како круна на сé, заработката порасната за 123 проценти.

Првото акционерско собрание во новата структура на концернот, како Mercedes-Benz Group AG, по издвојувањето на Daimler Trucks & Buses како независна компанија, ја потврди успешноста на марката со ѕвездата. Штутгарт вложува масивно во електрификација и дигитализација, но и заработува масивно. Бернд Пишетсритер, претседател на надзорниот одбор на Mercedes-Benz Group AG, на акционерите им го кажа тоа што ги радува најмногу: „Минатата година беше добра за Mercedes-Benz: Во 2021 не само што продадовме повеќе електрични возила, туку и повеќе модели од топ-енд сегментот. Сето тоа во услови на долготрајна пандемија, како и тесни грла во испораката на полупроводници. Се приближивме до целта да станеме целосно електрични и да ги произведуваме најугледните возила“.

Како резултат од успешното работење, на акционерите ќе им се исплати дивиденда во висина од 5,00 € (2020: 1,35 €) по акција. Во тоа е вклучен и уделот на Daimler Trucks & Buses од 0,70 €, затоа што Daimler Truck Holding AG нема да исплати посебна дивиденда на своите акционери за 2021 година. Дивиденда во висина од 4,30 € е идната референтна вредност за Mercedes-Benz Group. Тоа значи дека во име на успехот на компанијата, за 2021 година ќе бидат исплатени вкупно 5,35 милијарди евра, наспроти 1,4 милијарда евра во 2020 година.

Mercedes-Benz кон крајот на годинава ќе има повеќе од 10 чисто електрични модели во својата понуда

Напредува електрификацијата. Со пристигањето на моделите EQS SUV (со задолжителната напомена дека тоа е уште еден модел дизајниран од Славче Таневски), EQE SUV, EQT и eCitan, кон крајот на 2022 година, купувачите ќе можат да избираат меѓу повеќе од десет батериски електрични модели во гамата. Следна цел е до 2030 година да биде преполовена емисијата на СО2 во споредба со 2020. Тоа ќе се постигнува со следни електрични модели, со струја од обновливи извори за полнење на батеријата, поголем обем на користење рециклирани материјали и производство без емисија на СО2.

До 2030 година, повеќе од 70% од енергијата за производство ќе биде од обновливи извори, меѓу другото од сопствено производство со енергијата на сонцето и на ветрот. Во Купенхајм ќе се рециклираат батерии

На собранието беа избрани нови членови во надзорниот одбор, на местото на Бадер М. Ал Саад и Др. Клеменс Берзиг. Новите членови се Дамата Поли Кортис, поранешна директорка на Универзитетот Кембриџ, Инститот за лидерство во опдржливост, и Марко Гобети, извршен директор на Salvatore Ferragamo, прочуена италијанска компанија за луксузни производи.

Mercedes EQS SUV: Славче Таневски создаде електричен дизајн

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki S-Cross со продажбата веќе ја втасува Vitara

Од очила Seetroen до мраз во форма на Mehari: Онлајн-продавница на Citroen