за

Peugeot 208 е новиот хит модел во Бразил

Продажбата на француската марка на бразилскиот пазар годинава е за 156% повисока во споредба со лани. Peugeot 208 постигнува чуда.

Само во првите осум месеци од годинава, Peugeot продал на бразилскиот пазар за 34 проценти повеќе возила отколку во цела 2020 година. Од моделите посебно се издвојува Peugeot 208, за кого што постои речиси шестпати поголема побарувачка отколку лани.

Едно од најпријатните изненадувања од светскиот пазар годинава доаѓа од Peugeot и од Бразил. Побарувачката за моделите на француската марка со лавчето ги надмина и најоптимистичките предвидувања на менаџментот. Од јануари до август годинава, продадени се 17.507 возила. Тоа се за 34% повеќе продадени возила во период од само осум месеци, во споредба со цела 2020 година.

Споредено со периодот од јануари до август лани, растот изнесува 156 проценти. Peugeot продал 6.853 возила во првите осум месеци лани. Одговараат и бројките за продажбата во споредба со периодот пред пандемијата. Французите во досегашниот тек од годинава се за 23% подобри отколку во истиот период во 2019 година, кога биле испорачани 14.242 автомобили Peugeot. 

Главен двигател на продажбата е Peugeot 208. Моделот што постигнува рекорди и во Европа, најмногу придонесува за растот на продажбата во Бразил. Годинава, наследникот на лозата 204-205-206-207, учествува со 7,6 проценти во вкупната продажба на возила од градската класа во Бразил. Растот во споредба со лани изнесува 582 проценти! Дури и во споредба со годината пред кризата, со 2019 година, пак има зголемување од 114 проценти.

Со Peugeot 208 годинава двапати го посетивме Мариово за да направиме репортажа од прекрасниот крај, еднаш со модел со бензински мотор, а потоа и со модел со електричен мотор.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

>>> Патуваме со Peugeot низ Мариово: Тиквеш, рудници, мистерии, глетки за паметење

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тркачката Škoda Favorit постигнуваше брзини до 240 km/h

Првиот Mercedes надвор од Германија е произведен во Аргентина пред 70 години