за

Првиот Mercedes надвор од Германија е произведен во Аргентина пред 70 години

Во седумте децении, Mercedes-Benz произведуваше во Аргентина најразлични модели на патнички автомобили, комбиња, автобуси и камиони.

Фабриката на Mercedes-Benz во Буенос Аирес е единствена во светски рамки во којашто на исто место и натаму се произведуваат транспортери, камиони и автобуси од германската марка.

Mercedes-Benz одбележува 70 години производство во Аргентина. Тоа беше прва фабрика на компанијата надвор од Германија. Оттука започна и ширењето на мрежата од фабрики на германската марка во светски рамки. Возилата на Mercedes-Benz што се произведуваат во Аргентина се водечки во продажбата во своите сегменти во земјата.

Годинава се одбележува и четвртина век од стартот на производството на Sprinter во Аргентина. Големиот транспортер што воведе сосем нов сегмент, во земјата се произведува веќе во третата генерација. Актуелниот модел стартуваше на пазарот во 2019 година.

Во фабриката се произведуваат и камионите Atego и Accelo, што исто така се водечки во своите сегменти. Двата модела камиони од лесна категорија главно се наменети за достава во градско подрачје.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во изминатите седум децении, од фабриката излегоа повеќе од 700.000 возила, вклучувајќи најразлични изведби на Sprinter, камиони, автобуски шасии, оски и фабрички ремонтирани мотори.

Камионите се извезуваат во Бразил и други држави во Латинска Америка, додека Sprinter се извезува главно за САД.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Дизајн на Славче Таневски за првиот електричен Mercedes-Maybach

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 208 е новиот хит модел во Бразил

Тест на Seres 3 · СУВ од Кина, електричен и премиум