Со раст во побарувачката и кај патничките и кај доставните возила, Пежо ја заврши минатата година со продадени 105.752 возила на пазарот во Велика Британија. Тоа ѝ донесе на марката со лавот место меѓу 10-те најпродавани марки на Островот.
Поголем раст постигнаа патничките автомобили, со пазар зголемен за 20 проценти, односно преку 83.000 возила. Тоа се 14.098 продадени возила повеќе во споредба со 2024 година.
Пежо профитираше од тоа што има целосна понуда од модели со електричен погон во време кога британската влада притиска за засилено преоѓање на електрични возила. Соодветно и продажбата на батериски електрични возила на марката порасна за 12 проценти.
Како еден од најголемите автомобилски пазари во регионот, Пежо во Британија им нуди на купувачите на ЕВ гаранција од 8 години и 160.000 километри, што важи за електромоторот, полначот, преносот и главните електрични и механички делови.
Никола Добсон, директор на Пежо во Британија очекува дека „успехот ќе продолжи во 2026 година со возбудлива понуда од нови модели, вклучувајќи лансирање на новиот 408 и на Е-208 ГТи.“
Од лимузински Крајслер, преку теренска Шкода, до лавовски Пежо 408
Најновиот концептен автомобил Полигон се појави пред британската публика на салонот на автомобили во Манчестер, којшто ги отвори вратите на 10-ти јануари, а заедно со него имаше премиера и новиот 408.
















