Киа одбележува 25-годишнина на соработката со Аустралиан Опен

Киа ќе учествува во организацијата на отвореното тениско првенство во Австралија со 55 целосно електрични и 75 хибридни возила.

Важниот настап на Киа на тениското првенство ќе биде крунисан со долгогодшниот амбасадор на марката, светската тениска ѕвезда Рафаел Надал, кој ќе добие посебно изработен примерок од електричната Киа ЕВ9.

Корпорацијата Киа ја започна глобалната кампања наречена „Мув Диферент“ во одбележување на 25-годишнината од партнерството со Аустралиан Опен, АО26. Корејскиот производител вообичаено го користи настанот во изминатите години за да го нагласи својот пробив во светот на електромбоилноста. Годинава, главен во таа смисла е доставниот модел ПВ5 Карго, секако со електричен погон.

Важно присуство на светскиот настан секако ќе има долгогодишниот амбасадор на Киа, тенискиот ас Рафаел Надал, кој вообичаено ќе им посвети време за фановите на белиот спорт.

Киа е главен партнер на Аустралиан Опен уште од 2002 година и даде придонес за тој да стане еден од главните настани во светот на тенисот. За таа цел, Киа ја започна кампањата „Мув Диферент“, со сите симболики на англискиот збор за „движење, поттикнување“. Носечки модел во кампањата е електричниот компакт ЕВ4. Кампањата содржи бројни дигитални содржини насловени „25 години движење“.

Киа испорача 130 возила за потребите на турнирот, вклучувајќи 55 целосно електрични возила, од кои 30 примероци од седумседот ЕВ9 и 25 примероци од ЕВ5, како и 75 хибридни возила (50 Карнивал и 25 Спортаж).

Вклучувањето на доставниот електричен модел ПВ5 Карго на АО26 докажува дека Киа има глобални планови со новата генерација доставни возила. Покрај напредниот погон, првиот од најавената серија ПВ-модели е осмислен да може лесно да се приспособи за одредена намена. Тој е воедно и носител на насловот на Светски ван на 2026 година.

Покрај ПВ5 Карго, Киа во Мелбурн Парк ќе ги изложи своите носечки ЕВ-модели, односно ЕВ4, ЕВ5, ЕВ6 и ЕВ9.

Аустралиан Опен се одржува од 18-ти јануари до 1-ви февруари, со единечни натпревари и двојки во машка и женска конкуренција, и мешани двојки.

Претходна објава„Нека дојдат“: Трамп ги покани кинеските производители на автомобили во САД
Следна објаваПежо лани надмина 100.000 продажби на британскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here