за

Пежо е најпродавана марка електрични возила во Франција

Франција и Французите си го почитуваат домашното. Додека Тесла предводи со продажбата на ЕВ на европскиот пазар, Пежо си ја задржува превласта на домашниот пазар.

Електричен Пежо Е-208 пред спуштањето во Скочивирска Клисура, при возењето до мариовска Градешница во 2021 година

Пежо е најпродавана марка електрични возила во Франција, а Пежо Е-208 е најпродаван електричен модел во мај и вкупно во првите пет месеци од годината.

Марката со лавот го задржа водечкото место во продажбата на батериски електрични возила во Франција во мај. Постојано добрата побарувачка придонесе Пежо да биде прв и во вкупната продажба во периодот од јануари до мај.

Пежо Е-208 постигна мошне впечатлив раст, со 62,6 проценти повеќе продадени возила во споредба со мај лани. Со тоа, моделот што верно го пренесе изгледот на легендата 205 во денешницата, останува најпродаван модел на пазарот на БЕВ во Франција.

Во првите пет месеци, вкупната продажба на патнички и доставни возила на марката на францускиот пазар порасна за 2 проценти во споредба со истиот период лани.

Уделот на Пежо 208, вклучувајќи ги бензинските и електричните изведби, продолжи да се искачува, и со 0,5 процентен бод во плус, тој сега изнесува 5,4 проценти од пазарот.

„Нашата цел да станеме пазарен лидер во електричните возила во Франција ја достигнавме со добрите резултати од нашите модели Пежо Е-208 и Е-2008. Овие возила постигнаа раст во продажбата од 62,6%, односно 135,8% во споредба со 2023. Овие успеси, освен за привлечноста на нашите производи, зборуваат и во прилог на нашето вложување во насока на преоѓањето на електрични возила“, коментира Зинеб Гу, директорка на Пежо Франција.

Не е изненадување големиот раст од 12,7 проценти во продажбата на СУВ. По пет месеци, уделот на Пежо во продажбата на СУВ-модели изнесува 17,4 проценти, што значи дека приближно на секои пет продадени возила со оваа каросериска изведба, едно е Пежо.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

За да го заокружи духот на високата побарувачка, Пежо е најпродавана марка и на пазарот на службени возила во Франција годинава.

Топ 20 најпродавани модели на францускиот автомобилски пазар до мај 2024

Модел Јан-мај ’24
1 Peugeot 208 44519
2 Renault Clio 38925
3 Dacia Sandero 34955
4 Citroen C3 III 25607
5 Peugeot 2008 23837
6 Renault Captur 20648
7 Peugeot 308 III 17611
8 Toyota Yaris 14443
9 Dacia Duster II 13679
10 Toyota Yaris Cross 12993
11 Renault Austral 12195
12 Renault Twingo 11257
13 Opel Corsa 11040
14 Dacia Jogger 10830
15 Ford Puma 9907
16 Citroen C3 Aircross 9818
17 Renault Arkana 9184
18 Renault Megane E-Tech 8099
19 VW T-Roc 7768
20 Toyota C-HR II 6242

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кој тоа ја краде 30-годишната историја на македонскиот магазин Авто Плус

Стелантис им раскинува на добавувачите, концернот сам ќе си произведува делови