за

Кој тоа ја краде 30-годишната историја на македонскиот магазин Авто Плус

Како и сите нешта што некогаш успеале и постигнале во оваа убава земја, така и автомобилскиот магазин од златните времиња на Македонија, Авто Плус, паднат е жртва на неспособноста и неморалот.

Спијач-медиум што е профитабилен единствено кога комуњарата преку скапо платени реклами лаже чесен народ за да добие гласови и жонглер-препишувач со научени три зборови на латиница, на кој одвреме навреме ќе му се погоди да состави реченица со смисла, го имаат запоседнато светото име на сцената на автомобилските медиуми во Македонија, Авто Плус. Кој навистина стои денес зад магазинот што сé уште им значи на многумина во оваа напатена земја?

Авто Плус, прочуен магазин за автомобизам од златните времиња на Македонија, беше премногу добар и успешен во тоа што го работеше, за да би можел да опстои во оваа средина. Магазинот на Томислав Биљарац, прв приватен печатен медиум во Македонија, се поврзува со времињата кога во Македонија се градеше вистинска мрежа од директни застапништва и фирми-увозници, наши, македонски. Претходно, големите марки беа присутни на нашиот пазар главно преку посредници, односно преку „Белград и Љубљана“.

Тој Авто Плус се поврзува и со одржувањето на првиот салон за автомобили во Македонија, прочуениот Авто Експо, во прочуено уништеното Скопско Сајмиште. Магазинот понатаму се поврзува и со одржувањето на првиот Избор на автомобил на годината во Македонија. Тогаш и Автомобилот на Годината уште беше настан за којшто пошироката сцена беше свесна и којшто беше почитуван.

За разлика од денешната пародија Златно тркало, што се одржува во едно сопче, далеку од јавноста и настранета во приватна забава, Изборот на автомобил на годината, во времето пред да биде испогането името Авто Плус, преставуваше вистински чин на прослава на автомобилзимот во Македонија, одржуван во Хотел Континентал, редовно во присуство на претставници на самите производители на автомобили. Во тв-дневниците беше главна вест да се соопшти кој е носител на насловот на Автомобил на годината во Македонија.

Новинарите што беа дел од редакцијата на магазинот, сосем различни од денешните „еве ние сега седнавме зад воланот за први во светот да го тестираме автомобилот“ новинари со синдром на повеќе личности во една, во име на Авто Плус и со посредство на увозниците, во 1990-те, во времето на строгите визни режими, патуваа како цареви на сите големи светски салони, на тест-возења на нови модели во Португалија, Шпанија, Италија, Германија, кој знае каде сé.

Магазинот Авто Плус успеа затоа што во него вешто беше пресликан европскиот начин на работење, пренесен од големите авто салони и од филмски изрежираните презентации на автомобили во Лисабон, Биариц, Хамбург

Во тие времиња не само што не постоеше интернет, туку и располагањето со ЦД со слики од новите модели беше повод за празнување. Материјалите од коишто се создаваше Авто Плус се донесуваа од салоните, од презентациите на нови модели што се случуваа најмалку дваесетина пати. По ДХЛ, од Женева, Франкфурт, Париз, се испраќаа гломазни пакети тешки десетици килограми – бесплатно, на име на салонот – полни со печатен материјал, неретко на стотина страници, со фотографии на хартија и дијапозитиви.

Харизматичниот новинар, дипломат, претприемач, психолог, светски патник, скопјанец кој немаше потреба да ја наведе годината за своето скопјанство, точно го темпираше првото издание на Авто Плус да излезе од печат на 13-ти ноември 1993 година, на Денот на ослободувањето на Скопје. Десна рака на Биљарац беше Зоран Коцев, кој главно се грижеше за напишаното и сликаното да се преточи во магазин Авто Плус.

Кого тоа се дрзнуваат да ограбат овие неранимајковци, кои денес ја лажат јавноста (реално, одвај 5.000 посетители месечно) пишувајќи го светото име Авто Плус на дебелите им глави? Томислав Биљарац и Зоран Коцев се „само“ водачите на тимот од веројатно педесетина новинари, кои во достоинствените години на Авто Плус ја создаваа историјата на македонското автомобилско новинарство.

Тие не се свесни дека со ставањето на нивното глупаво лого „30 години“ е исто како да газат по живи луѓе, луѓе што го создавале вистинскиот Авто Плус

Овие двајца без тројца денешни „Авто Минус“ се умислуваат дека се Венцислав Гашевски, кој меѓу другото го овековечи секој настан во македонскиот мотоспорт, од Водно, Пониква и Галичица, преку првите кружни трки во Пробиштип, во фабриката за акумулатори, и првите кружни трки во Скопје, не изоставувајќи цели државни првенства во мотокрос, и секако фотографирање на сите автомобили на тест во времето на 35-милиметарскиот филм? На тоа следи уште работа на организирање на Автоекспо, обезбедување спонзорства и реклами за магазинот, за каталогот на Авто Плус, заедно со Жарко Атанасоски, кој исто така голем дел од својата кариера минува во магазинот.

Можеби во некоја подвоена сфера во нивните да-не-ги-наведувам-какви умови тие се имаат ставено во филм дека се покојниот Југослав Стојанов, гение со новинарска нишка од рангот на Џереми Кларксон, чијашто работа беше препознаена и од Датафорс, британска консултантска куќа од областа на автомобилизмот. „Југо“ почина млад, по компликации што се случија откако доживеа сообраќајна незгода патувајќи си кон новата „дома“ во Англија.

Зоран Арсовски, Игор Стефановски, Љубомир Анастасовски, Влатко Силјановски, уште бројни други ценети колеги, што тие да кажат на намерата на овие денешниве Авто Минус за лажно да се прикажат, божем тие се вистинските имиња што ја создадоа историјата на светиот магазин?

Публиката воопшто не е важна, главното е лажниве Авто Плус пред увозниците и компаниите од браншата да се претстават како божемни наследници на магазинот со големо име и на тој начин да украдат по некоја реклама или барем да се стават во викенд во кола и да се сликаат божем тестираат автомобил. Тоа им е целата борба, тоа им е „новинарскиот предизвик“.

Можеби лажниве Авто Плус во слободно време се замислуваат дека се Даниела или Татијана?

Даниела Младеновиќ, Татијана Трпковска, вредните убавици што вешто ги насочуваа сите деловни контакти и правеа Авто Плус да не биде само обична „машка работа“ – дали овие денешниве крадци во приватните часови можеби исто така си замислуваат дека се Даниела или Татијана?

Авто Плус беше премногу добар и успешен магазин, за да може да опстои. Магазинот главно го ограбија тие што отстрана користеа од создавањето на зрела автомобилска сцена од страна на матичниот тим на Томислав Биљарац. Полтроните, пијавиците, паразитите. Такви соеви. Како автор на овие редови, патем дел од Авто Плус подолго од десет години, почнувајќи од ноември 1994 година, верувам дека Биљарац повеќе од револт го продаде магазинот пред долги години, откако увиде дека оваа средина што е неспособна да признае успех, трајно го уништи неговото (и на неговиот тим) дело.

Таква ни е Македонијава. Да му умре козата на комшијата, нема поголема вистина од тоа. Кога некој во оваа света земја ќе те види дека нешто правиш добро, тој нема да земе да се обиде да научи нешто од тебе и да проба тоа да го направи подобро, туку ќе гледа да те спречи на секаков начин, со крвничка душа да те гази, само за да не продолжиш да го правиш добро, тоа што тој не умее да го направи ниту просечно. Затоа си заминаа луѓе, затоа што не можат да научат да работат доволно лошо.

Големината на името Авто Плус им послужи како параван на неспособните и неморалните

Во земјава треба да си лош во тоа што го работиш, за да бидеш добар. Односно, во превод, човек треба да е глуп и ограничен, за да не биде свесен дека тоа што го прави е лошо. Човек треба да се стави во лош филм. Не знаат колку се лоши и штетни, овие минусираниве.

Зарем авторот на овие редови навистина ќе си дозволи да ги погази начелата на колегијалната етика, со овој О-тон? Можеби ние вистинските автоплусовци – затоа што човек оттаму цел живот е автоплусовец – немаше да реагираме, доколку овие крадциве не си дозволеа дрскоста да ја доведат до самото дно. Каков е тој гнасен ум што може да се сети, место лого на медиумот да напише само „30 години“? Во светот на медиумите не се случила таква мизерија, медиуми стари и по 200 години да си ги напишат годините, место името.

Ние автоплусовците уште се дружиме и одржуваме контакти. За одбележување на 30-годишнината на вистинскиот Авто Плус, се договоривме секој да напише по еден коментар за сеќавањата со златните години на магазинот. Објавата привлече повеќеилјадна читаност, каква што овие лажниве Авто Плус не можат да доживеат ниту вкупно за три години. Реакцијата на непрокопсаниве беше во монтирање на неславното „30 години“ лого, што сега го лепат во секоја пригода кога сакаат пред јавноста да го изнесат својот отпад. Колку е ниско кога неморалните ќе си присвојат историја.

Пред 30 години е испечатен првиот Авто Плус, напиша историја, македонскиот синдром го погоди

Во изминативе години, кутрата македонска автомобилска сцена се изнатрпе секакви гадости и понижувања на институцијата автомобил. Тоа што некогаш за Авто Плус беше господски салон за атомобили Автоекспо, овие минусираниве го претворија во селски панаѓур, кога по партиска линија, од Петрета си ја добија Илинденска и ги измамија увозниците, за полираните и скапоцени лимузини да ги наредат на улица, божем ова е автопазар. Сé што дотогаш се имаше изградено како култ околу автомобилите, овие го погазија со два дена панаѓур.

Едниот лик што прв почна да го злоставува името Авто Плус во меѓувреме се исели од света Македонија, наследникот продолжува уште погнасно

Тоа што за вистинскиот Авто Плус беше организирање на велелепниот Избор на автомобил на годината во Македонија, овие го извртеа во Златно тркало, евтина пародија и неказнет плагијат на германскиот Златен Волан, во чијшто рамки автомобилски менаџери што управуваат со бизнис вреден милиони евра се поканети да дојдат во едно придружно ресторанско сопче, да за им биде врачено божем златното тркало.

Затоа треба да ги спречиме овие „30 годишниве“, да продолжат да ни го погазуваат името Авто Плус и достоинството што барем во одреден дел владееше на македонската автомобилска сцена. Тоа поглавје и тоа велико име треба да остане заштитено, и да се избришат сите гадости што се направени во меѓувреме. Изгубете се и заборавете го името Авто Плус, вие дрски крадци!

Томислав Биљарац кажа многу животни вистини, а меѓу нив и оваа. Своевремено, кога една колешка стапуваше во брак, тој на својот префинет начин, ѝ опиша дека бракот е како топка со го..а што е прелиена со мед. Во почетокот е многу убаво кога уште се лиже медот … додека не се дојде до го…та. Е па, господо „30 години“ јадете г…на.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Основачот на БИД цени дека Европа и САД се плашат од кинеските ЕВ

Пежо е најпродавана марка електрични возила во Франција