за

Стелантис им раскинува на добавувачите, концернот сам ќе си произведува делови

Во автомобилските фабрики главно се врши завршна монтажа на деловите што пристигаат од добавувачите. Карлос Тавареш сака да се врати на старо.

Извршниот директор на Стелантис, Карлос Тавареш, бара добавувачите да произведуваат побрзо и поевтино.

Шефот на Стелантис има намера да го зголеми уделот на компоненти што се произведуваат самостојно во концернот со 14-те автомобилски марки.

Концернот Стелантис се подготвува да се откаже од дел од своите добавувачи и самостојно да ги произведува деловите што ги вградува во своите возила. Шефот на концернот, Карлос Тавареш, ја навести таа можност за време на една телефонска конференција на југот на Италија.

„Доколку добавувачите не работат со истата брзина како нашите тимови, тогаш нашите тимови гледаат голема предност ако самите произведуваат“, кажа Тавареш. „Така доаѓаме до заклучокот дека тоа што е дадено да се произведува надвор, можеме и сами да го произведуваме.“

Тавареш со оваа изјава врши притисок врз добавувачите. Целта е од една страна да се забрза развојот на нови производи и процеси, а од друга страна се цели на побрзо скусување на трошоците.

Погодени се Валео, Конти, Магна и други моќни добавувачи

Францускиот лиферант Валео е еден од најважните добавувачи на Стелантис во Европа. Стелантис во 2023 година даде висока оцена за успешната стратегија на Валео за намалување на трошоците. Други важни добавувачи на Стелантис се Континентал, Магна Интернационал, Форвиа и Аптив.

За фабриката на Стелантис во Мелфи, Италија, шефот Тавареш кажа дека ги подобрила продуктивноста и квалитетот. Концернот во Мелфи произведува модели на Џип и Фиат. Според Тавареш, цените на енергијата во Италија се „апсолутно вон конкуренција“. Поради тоа, Стелантис има намера фабриката во Мелфи да почне самостојно да ја произведува потребната енергија.

Програма за субвенционирање во Италија

Стелантис ја подржува целта на италијанската влада, да произведува по еден милион автомобили годишно во земјата, кажа Тавареш. Услов за тоа е „да постојат еден милион купувачи.“

Италијанската влада во понеделникот отпочна со програма за субвенционирање на возила со ниска емисија на ЦО2, за којшто се издвоени 950 милиони евра. Средствата што беа предвидени за батериски електрични автомобили, во висина од 240 милиони евра, беа потрошени за миг. Примањето нови барања за субвенции беше прекинато по само девет часови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пежо е најпродавана марка електрични возила во Франција

Германија предупредува за трговски бариери додека ЕУ крои царини за кинеските ЕВ