за

Светот сака да гледа уште од Peugeot Inception Concept

Peugeot ја почна годината со концептот Inception, којшто објаснува и најавува сé што отсега ќе се случува со марката со лавот. Почнува соработка со марката дизајнерска облека 3.Paradis.

Европа синоќа првпат го виде во живо концептот Inception, откако Peugeot во почетокот на годината привлече големо внимание на сцената, со светската премиера на автомобилот на ЦЕС во Лас Вегас. Французите допрва ја развиваат приказната со новото поглавје на Peugeot, и на премиерата на Inception во Париз ја објавија новата соработка со француската марка дизајнерска облека 3.Paradis на Емерик Чачуа.

Peugeot почнува низа соработки со познати уметници од новата генерација. Следната соработка ќе биде претставена на Дизајнерската недела во Милано, којашто се одржува од 18-ти до 23-ти април.

Сите нешта околу Peugeot се темелат врз трите начела, што француската марка не пропушта да ги напомене при секоја новина што има да ја покаже пред светот. Така и со оваа соработка:

  • Allure – PEUGEOT Inception Concept претставува извор на инспирација.
  • Emotion – Два единствени производи на заедничка европска премиера.
  • Excellence – Заедничкото искуство на страсни дизајнерки и дизајнери.

„Новата“ марка Peugeot става нагласок на стилот, креативноста и амбициозноста. Сето тоа кога ќе се собере во еден автомоби, се добива Peugeot Inception Concept, футуристички автомобил, од кого што во следните години една по една ќе се црпат идеите и решенијата во новите модели на Peugeot од сериско производство.

Едно од главните обележја на Inception е новата генерација i-Cockpit со технологија Steer-by-Wire, односно со волан што командите ги пренесува по електронски, место по механички пат. Кога ќе се пушти автопилотот, воланот Hypersquare се преклопува надолу и се вовлекува под арматурната табла, за да не одзема простор.

Целта е на патниците да им се обезбеди ново доживување при возењето. Концептот Inception навестува и големи новини што ќе се случат во архитектурата на новата генерација електрични возила на марката, којашто ќе се базира врз наменска платформа за возила со погон на струја и ќе стартува со продажба најдоцна до 2026 година.

Соработката со Емерик Чачуа, основач на 3.PARADIS

Емерик Чачуа посебно за европската премиера на Inception претстави уникатно парче облека, коешто е инспирирано од самиот концептен автомобил на Peugeot. Јакната е техничко ремек дело. Благодарение на 3D-печатењето елементи во форма на сочиво, од коишто се состои јакната, таа ја менува бојата, зависно од аголот под којшто се гледа и личи како оптичка илузија.

Постои непосредна поврзаност меѓу јакната и внатрешниот дизајн на Inception. Материјалот за јакната се користи во подот на концептниот автомобил. 3D-печатот е револуционерен, ефикасен и се рециклира. Изработката е на Stratasys и France dyes.

Преку соработката со францускиот дизајнер се проверува како ќе реагира пазарот, за во иднина да се планираат уште похрабри соработки.

Линда Џексон, извршна директорка на Peugeot, зборува за соработката: „Ме радува тоа што PEUGEOT понува низа креативно соработки со Емерик Чачуа, кој со воведувањето на марката 3.PARADIS пред 10 години, се докажа како еден од младите таленти во модниот свет што ветува најмногу. Неовата иновативност, којашто ги поставува емоциите и личниот елемент во средиштето на креацијата, во совршена рамнотежа е со вредностите на PEUGEOT.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peugeot (@peugeot)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова генерација на Passat во септември, брзо потоа и нов Superb

Нова класа на Мерцедес: Т-Модел за со костум, T-Класа за карго-пантолони