за

Peugeot e-208 го добива електромоторот од e-308, досегот оди на 400 km

Електромоторот што ќе работи во новиот Peugeot e-308 троши помалку енергија, а тоа значи и дека батеријата издржува подолго. За светот да се увери во тоа, и во е-208 ќе се вградува новиот електромотор.

Најпродаван градски модел со целосно електричен погон е Пежо е-208.

Тоа е генијален потег, светот одлично го познава електричниот e-208 со повеќе од 100.000 продадени примероци. За вистински да се согледа предноста на новиот e-308, менаџерите решија новата генерација електромотори што работи во „тристотката“ да се вградува и во добро познатиот e-208.

Како што објавивме претходно во најавата за новиот Peugeot e-308, францускиот производител со овој модел преоѓа на нова генерација електромотори, коишто се разликуваат од оние во Peugeot e-208/e-2008, како и во целата гама повеќенаменски и лесни доставни модели, од ковот на e-Rifter. Електричниот погон во Peugeot, истиот како во Citroen и Opel, се покажа одличен и ќе се докажува таков уште долги години. Напредокот во електричниот погон е реалност, исто како што долги децении беше реалност кај бензинците и дизелите.

Не напредуваат само батериите и контролната електроника за нив, туку напредуваат и самите електромотори. Тоа е стекнување инженерско искуство, во новата трка за техниката да се направи подобра од конкурентите. Целата таа низа на чекори на напредок се покажува одлично кај Peugeot e-208, миленик во Аутомедиа и меѓу публиката, откако со електричниот модел без какво било двоумење го извозевме токму прекрасното Мариово, во невовиот битолски дел, до Градешница.

Peugeot e-208 лани веќе имаше една оптимизација, кога со промени во преносниот однос и во уште неколку подрачја се постигна продолжување на досегот за 6,5% (+22 km). Сега доаѓа уште една оптимизација, односно преоѓање на нова генерација електромотори, којашто марката со лавот уште од старт ја планираше за новиот Peugeot e-308. Новата електричлна „двестотка“ ќе располага со моќност зголемена за 15 проценти, со 115 kW (156 КС).

Клучната разлика сепак е во намалената потрошувачка: Со новиот електромотор, Peugeot e-208 постигнува просек од 12 kWh на сто километри

Новиот електромотор е поштедлив за 10,5 проценти, односно за толку се продолжува досегот, па електричната 200-ка ќе постигнува досег до 400 километри

Од почетокот на продажбата во 2019 година, лавовската марка продаде близу 110.000 примероци од e-208. Стилот што непогрешливо ја следи легендарната 205-ка, па дури и стилски ја надградува и уште толку ѝ додава привлченост, очигледно му е голема „помош“ на моделот. Сцената го сака и i-Cockpit, а секако и чувството во возење и динамиката. Сметајќи од почетокот на годинава, e-208 е најпродаван електричен модел во Б-сегментот во Европа. Во Франција, тоа е најпродаваниот од сите модели на струја.

Новата верзија на 100% електричниот PEUGEOT e-208 доаѓа со :

  • нов е-мотор со 115 kW/156 КС, со дополнителни 15 kW/20 КС и со 260 Nm што стојат на располагање уште од првиот метар.
  • нова високонапонска батерија со повисока ефикасност и со капацитет од 51 kWh (48.1 kWh корисни) со работа на 400 волти.
  • ниска потрошувачка на енергија од 12 kWh на 100 km.

Во споредба со првите модели од 2019 година, новиот e-208 постигнува за 17,65% подолго досег и потрошувачка пониска за 15 проценти.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Со добра Opel Astra оди и добра понуда од прибор

Џој Крукс во кампањата за Lexus UX