за

Со добра Opel Astra оди и добра понуда од прибор

Производителите на автомобили целат бизнисот со прибор да биде уште поприсутен во салоните. Така е сигурно дека се добива прибор со висок квалитет. Opel Astra почнува со главното, „делфин“.

Opel Astra е дизајнерски хит-модел и тоа уште толку му одговара на германскиот производител. Тие што ќе бидат привлечени (и) од дизајнот на компактот со големото име, сигурно дека ќе внимаваат и багажникот на покривот да биде со соодветен стил. Opel ја претставува понудата од прибор што ја има подготвено за новата Astra, во нејзината изведба со пет врати и во комби изведбата Astra Sports Tourer.

Новиот прибор за новата Opel Astra погодува пет различни групи на интерес. Возачките и возачите на Astra во приклучна хибридна изведба можат да изберат прибор што се однесува за полнењето на батеријата, тие што повеќе сакаат стил, имаат во понуда додатоци што се поставуваат меѓу краците на тркалата, за педантните души се нудат неколку промислени решенија, под името FlexConnect. За практични, на располагање стојат елегантни багажници во неколку варијанти, а има и посебни облоги што спречуваат валкање на багажникот.

Opel создаде вистинска „марка“ од препознатливиот изглед на носот на новите Astra, Mokka, Crossland и Grandland. Дизајнот се ужива и во внатрешноста, со кокпитот Pure Panel. Во таква средина, некој ќе посака да додаде сопствен печат во изгледот. Тоа може да се изведе со маски за надворешните и за внатрешниот ретровизор, лакирани во боите за каросерија што ги нуди Opel за својата Astra. Покрај кардио црвена, култна жолта, кобалт сина или вулкан сива боја, може да се избере дури и изглед на карбон. Истото важи и за додатоците што се прицврстуваат меѓу краците на тркалата и на тој начин внесуваат нов стил.

За кабината да биде уредна и да се спречи предмети да летаат при нагло сопирање или во свијоци, служат најразлични држачи, вклучувајќи и држач за таблет. Преклоплива масичка исто така е во понудата на Opel. Тоа обезбедува дека во вториот ред ќе биде мирно додека се патува, каде што се гледа филм, со грицки.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во случај 516 или 1.634 литри багажник во комбито Sports Tourer или во класичната изведба да бидат недоволни, тогаш се посегнува по аеродинамично дизајнираните багажници за покривот. Во понуда се наоѓаат и држачи за скии, сноуборд, а секако и за велосипеди, производ на Thule. Отстранлива влечна кука е за случај на „тежок“ транспорт. Astra во посилните варијанти може да влече приколка до 1.550 килограми.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Целата понуда од прибор за Opel Astra може да се погледне на линкот

https://www.opel-accessories.com/en-DE/opel/vehicles/Astra

Водич за Opel Astra: Сите цени, мотори, нивоа на опрема, опции

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Генерациите се менуваат, благородништвото останува: Пречекан новиот Range Rover Sport

Peugeot e-208 го добива електромоторот од e-308, досегот оди на 400 km