Кампањата со британската кантавторка Џој Крукс го одбележува почетокот на продажбата на освеженото моделско годиште на Lexus UX. Таа се состои од четири куси видеа за ТВ и онлајн. Звуците од хитот „Feet Don’t Fail Me Now” ќе направат многумина да се сетат на кросоверот на луксузната марка на Toyota.
Британската кантавторка Џој Крукс е лице и глас во новата рекламна кампања на Lexus за кросоверот UX. Преку соработката со уметницата што е номинирана за Брит Авордс и Меркјури Прајз, Lexus сака да допре до помлада, поразновидна и друштвено активна публика. Џој Крукс застапува нов круг клиенти на Lexus и нејзината мисија е да воведе нов начин на доживување на модерниот луксуз и стил.
Џој има впечатлив стил и соединува различни култури и епохи, како дете и како девојка што растела во Саут Лондон. Како што објаснува Lexus, „во сите нејзини креативни достигнувања се истакнува моќна естетика, што секогаш ги надминува визуелните градници и во исто време го слави своето потекло.“ Тоа што дополнително ги поведе во Lexus да соработуваат со Џој Крукс е нејзината посветеност на одржливоста на животната средина. Lexus сепак е марка што се поврзува со хибридна технологија и со изработка што е фер кон средината. „Таа се грижи, како идните генерации ќе имаат пристап до природниот простор, без разлика од каде доаѓаат“.
Новата кампања се одвива според замислата на „енергија што се движи“. Таа ги соединува креативноста на Џој како уметница и нејзиниот динамичен живот, со експресивниот и напреден карактер на UX. Како што порачуваат маркетиншките експерти на Lexus, „страста и енергијата ѝ овозможиле на Џој да го исполни својот детски сон за светски успешна музичка кариера“. Истите својства ги поведуваат и конструкторите во автомобилската марка.
Новиот мултимедиски и навигациски систем во Lexus UX работи побрзо и поедноставно се командува, меѓу другото и со говорната команда „Hey Lexus“. Џој зад воланот ги изговара овие волшебни зборови за од аудио системот да прозвучи нејзината „Feet Don’t Fail Me Now“
Користењето на функциите на телефонот преку инфо-забавниот систем на новиот Lexus UX е подобрено значително, а има и можност за over-the-air вчитување нов софтвер. Средишниот дисплеј досега до 12,3 инчи во поскапите нивоа и на него се прикажуваат апликациите од телефонот. Уште една новина е Lexus Link App, за далечинско ракување со климата и централната брава.
Најголеми промени кај UX доживеа верзијата F SPORT, којашто меѓу другото располага со приспособлива и варијабилна амортизација AVS. Може да се избира меѓу шест бои за каросеријата, а постои и опција за црн покрив. Подобрувања има и во Lexus Safety System +, што сега вклучува и асистент за безбедно вклучување на крстосница, како и асистент што самостојно го управува возилото во вонредна ситуација, односно помага да се избегнат пречките на патот, без да се напушти сопствената лента.
Новата кампња за Lexus UX може да се погледне онлајн на https://mag.lexus.co.uk/who-is-joy-crookes/