за

Французите ценат дека Европа треба да воведе исти субвенции како САД

Франција советува ЕУ да го следи примерот од САД, за помагање на продажбата на електричните автомобили што се произведени во самата Унија.

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека Европската Унија треба да размислува за воведување субвенции за електрични автомобили што се произведени во Унијата, откако САД ја ограничи помошта само за автомобили од северноамериканско производство.

Можеби е време „бонусите за електричните возила да се резервираат или за автомобили што се произведени на европска територија или за возила што строго и ригорозно ги исполнуваат новите стандарди за животната седина,“ изјави Ле Мер за репортерите при брифингот за буџетот за 2023 година. “Мора да играме според истите правила, доколку сакаме да ги заштитиме нашата индустрија, нашите работни места и нашата технологија.“

Франција и Германија се земји во коишто електричната револуција направи илјадници работни места, во сектори како што се производството на мотори и менувачи, да станат непотребни. Двете држави во изминатите неколку години го водеа политичкиот притисок за развој на локална индустрија за батериски ќелии. Целта е да се преземе контрола врз компонентата што сочинува до 40 проценти од вредноста на електрично возило.

Француската влада нуди субвенции во висина до 6.000 евра при купување електрични автомобили што чинат под 47.000 евра. Дополнителна помош следи во рамките на програмата за отстранување во отпад на старите возила со мотор со внатрешно согорување.

Електричните возила учествуваат со 12 проценти во продажбата на нови возила во Франција во првите седум месеци од 2022 година

Бонусот за електрични возила ќе се намали од 6.000 на 5.000 евра од следната година, „но и натаму ќе биде значителен“, изјави Ле Мер на средбата со новинарите.

САД се соочуваат со остра критика за новиот закон што овозможува ценовни повластици за електричните возила. Оваа помош за купување електричен автомобил во висина до 7.500 долари, сепак не може да се оствари доколку главните компоненти во батеријата потекнуваат од Кина, Русија и „странски предмети на интерес“.

Како помош за купувачите, американските власти објавија список со возила од моделските годишта 2022 и 2023, коишто ги исполнуваат пропишаните барања за „завршна монтажа“ во Северна Америка.

„Ценам дека е време во Европа да почнеме да размислуваме околу таа идеја,“ изјави Ле Мер.

На Кина не ѝ се допаѓаат условите за субвенции за е-возила во САД

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џој Крукс во кампањата за Lexus UX

Мештаните бараат запирање на фабриката на Тesla во Германија