за

Мештаните бараат запирање на фабриката на Тesla во Германија

Активистите за заштита на животната средина предупредуваат дека пожарот во фабриката на Tesla во близина на Берлин е последниот инцидент што може да го загрози снабдувањето со питка вода.

На пожарникарите во понеделникот им беа потребни пет часови да го стават под контрола пожарот во фабриката на Tesla во Гринхајде. Во пожарот на отворено, во којшто нема повредени лица, гореа осумстотини метри кубни картони, хартија и струготини, наменети за рециклирање.

Локалните активисти за заштита на животната средина се загрижени дека големите количини вода од гаснењето на пожарот, би можеле да предизвикаат загадување на средината, односно загрозување на месноста од којашто целиот регион се снабдува со питка вода.

„Овој инцидент се придружува на низа инциденти, што претставуваат закана за површинските води во подрачјето на заштитени води“, изјави Ману Хојер, портпарол на иницијативата на граѓаните на Гринхајде и на асоцијацијата за природа, за локалниот дневник Берлинер Цајтунг.

Видео од дрон покажува дека изгорените купови картони се чувале на бетонирана површина, којашто е во непосредна близина на површината што не е заштитена.

Групите бараат итно запирање на производството, додека се изврши целосна истрага, дали Tesla применила доволно мерки за да ги заштити површинските води.

Граѓанската иницијатива ги доставила своите барања по посетата на фабриката во неделата, кусо пред да започне пожарот. Тие се жалат дека производството се одвива тековно, и покрај тоа што не применети основните мерки за заштита на животната средина.

„Тука не е направена заштита на животната средина,“ вели Хојер. „Сé е половично“. Активистите не ја критикуваат само Tesla, туку и Владата.

„Само со големи притисоци врз надлежните институции, во случајов водостопанството, се овозможи Tesla да започне со производство толку рано, без доволни мерки за заштита“, пишува во соопштението од иницијативата. „Владата предводена од СПД ја поткопува нашата покраина во корист на интересите за профит на големите корпорации.“

Причината за пожарот уште не е утврдена и полицијата врши истрага. Пожарот во фабриката не е прв голем инцидент во Гринхајде. Во средината на април протече течност што ја загрозува водата. Во тој случај исто така беше повикана противпожарната служба.

Инцидентот се случува во време кога Tesla планира да ја зголеми продукцијата на Model Y, во својата прва фабрика во Европа.

Производителот не соопштува колку возила се произведуваат во моментов, туку само посочи дека летово се произведувале по 1.000 возила неделно. Тоа е една десетина од капацитетот на фабриката што почна со работа во март.

Утка во нов софтвер скусила досег на Tesla, за враќање 4.500 евра трошок

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Французите ценат дека Европа треба да воведе исти субвенции како САД

Kia Sportage доби врвни оцени за безбедност во Америка