за

Kia Sportage доби врвни оцени за безбедност во Америка

Американскиот институт за безбедност во сообраќајот ја одликуваше Kia Sportage со титула 2022 Top Safety Pick.

Kia Sportage, заедно со Sportage Hybrid, се вбројува меѓу најбезбедните автомобили според американскиот Институт за безбедност во сообраќајот. За одличните оцени придонесуваат и диодните светла, што инаку се стандард кај европскиот модел. Sportage е деветти модел на Kia што ги убедил американските техничари во својата безбедност.

„Најдолгата моделска серија на Kia во секоја генерација продолжува да се развива во нешто поголемо, а петтата генерација нуди повеќе од сé – особено безбедност – за денешните разумни, авантуристички и еко-совесни купувачи на компактен СУВ“, изјави Стив Сентер, оперативен директор и кадров директор во американскиот огранок на Kia. „Последните одликувања со TSP се најдобар доказ за тоа.“

Kia Sportage на американскиот пазар стандардно располага со изобилство од системи за асистенција, вклучувајќи самостојно запирање при опасност од судир, препознавање велосипедист на пат, систем за задржување на лентата и систем за надгледување на задната клупа.

Kia Telluride, Sorento, Seltos, Carnival, Sportage, Sportage Hybrid и Soul (со опција за систем за самостојно запирање и понапредни светла) исто така освоија награди TSP во почетокот на годинава, додека лимузините Kia K5 и Stinger се квалификуваа како победници за TSP+.

За еден модел да биде одликуван со TSP, мора да се освои оцена „добро“ во шест тестови за безбедност – судир од возачка страна со мало преклопување, судир од совозачка страна со мало преклопување, судир со умерено преклопување, страничен судир, цврстина на покрив и потпирачи за глава. За системите за спречување судир со друго возило или удар во пешак, потребно е моделот да освои оцена „многу добро“ или „одлично“. Покрај тоа се зема предвид и делотворноста на светлата. За секој модел треба да стојат на располагање светла што добиле оцена „добро“ или „доволно“.

Kia Sportage на дело: По стариот пат преку Богомила до Прилеп

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мештаните бараат запирање на фабриката на Тesla во Германија

Тест · Citroen C5 X Hybrid 225 · Премиумот одеднаш станува неважен поим