за

Електрични модели на Peugeot победија на еко-релито во Чешка

Во Чешка трета година се возеше рели со електрични возила во рамките на прочуеното Бохемија Рели. Peugeot повторно се покажа успешна во мотоспортот на струја.

Две возила со чисто електричен погон Peugeot e-208 победија во своите категории и во вкупен пласман, додека во категоријата на хибридни возила победи екипажот во новиот Peugeot 308, во верзијата со приклучен хибриден погон. Марката со лавот го освои и трофејот за конструктори во купот со елеткрични возила.

Три екипажи со модели на Peugeot учествуваа на третото издание на Трофејот во електромобилност што се одржa во Чешка меѓу 8-ми и 10-ти јули. Релито во коешто учествуваат автомобили со електрифицирана погонска спрега и бодови се освојуваат со исполнување на патните репери, се вози во рамките на традиционалното Бохемија Рели.

Во категоријата на електрични автомобили, марката со лавот ја претставуваа два екипажи со Peugeot e-208: Едниот екипаж вози за Autoforum Electric и го сочинуваат Лукаш Дитрих и Милош Дитрих, вториот е K+N Peugeot, составен од Криштоф Хајек и Никола Прошакова. Втората категорија во којашто триумфираше Peugeot се хибридните автомобили. Искусниот тим на Peugeot MOTORVIZE.cz, составен од Јан Новотни и Петр Јакушек, годинава учествуваше со новиот Peugeot 308 во верзија со приклучен хибриден погон. Дуото во 2020 година победи на Еко Рели Бохемија со e-208, а годинава го повтори успехот со хибридниот 308.

Релито се возеше во регионите на Либерец и Млада Болеслав, на предизвикувачка рута за учесниците. Вкупната должина на итинерерот изнесуваше 478 километри, коишто требаше да се извозат за три денови. Стартот беше во Чешка Липа, од автодромот Соснова. Тука се докажаа динамичните возни својства на Peugeot 308. Тимот Новотни / Јакушек постави најбрзо време и ги победи многу посилните возила на конкурентите.

Тимовите во релито понатаму имаа предизвик да пристигнат на одредено место во одредена временска рамка. Во првиот ден, „трката во регуларност“ покриваше мерено возење во должина од 75,29 километри. Предизвикот во двата последни денови беше во возењето во мрак, што ја отежнуваше навигацијата. Тимовите во Peugeot се докажаа уште во првиот ден и ги освоија првите места во своите категории. Супериорноста на „лавовските тимови“ продолжи и во саботата и неделата.

Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Peugeot 3008 Hybrid4 е лав со одмерен залак

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во градот на Volkswagen работи бифтек-клуб „Оган и сол“

Авион со погон на водород ќе биде реалност во 2025 година