за

Авион со погон на водород ќе биде реалност во 2025 година

Користењето водород како погонско гориво за авион се тестира веќе долги години. Компанијата H2Fly најави нова технологија со којашто ќе се удвои должината на летот.

Германската компанија H2Fly наскоро ќе претстави нова изведба на својот авион за тестирање на погон на водород HY4. Авионот моментно користи гасовиден водород којшто се чува во резервоари под висок притисок. Со преоѓањето на резервоари со течен водород, досегот на летање ќе се удвои. Има и конкретни најави.

По неколку недели, H2Fly ќе претстави верзија на својот авион HY4, што место гасовиден водород под притисок ќе користи течен водород како погонско гориво. Компанијата го најави овој важен чекор во развојот за време на Меѓународното авио-шоу во Фарнбороу. Течниот водород ќе го удвои досегот на HY4.

По вградувањето на резервоарите и горивните ќелии, во почетокот на 2023 година ќе стартува обемна програма на тестирање по земја. По завршувањето на тестовите, HY4 ќе биде првиот авион за комерцијални летови во светот, што користи течен водород како погонско гориво. Тоа претставува важен чекор на патот кон летови на средни и долги растојанија, со погонска спрега што во целост се потпира на водород.

Тест-авионот HY4 со четири седишта е резултат од истражување, тестирање и усовршување во период од преку десет години. H2FLY првпат го пушти својот авион во лет во 2016 година и оттогаш се редат низа достигнувања. Во 2020 година, авионот доби одобрение за лет, а една година подоцна започна соработка со производителот на авиони Deutsche Aircraft. Во рамките на оваа соработка се развива авион за регионални летови со погон на водород, со горивна ќелија, којшто ќе биде климатски неутрален. Стартот е планиран за 2025 година. Авионот ќе постигнува досег од 2.000 километри и ќе располага со капацитет за 40 патници.

Airbus најавува авиони со погон на водород за 2035 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електрични модели на Peugeot победија на еко-релито во Чешка

Авто-производителите во 2030 година ќе потрошат 59 млрд. $ на софтвер