Пежо има нова агенција, рекламите за Е-3008 ќе бидат сосем различни

Одлика на новата агенција што ќе биде задолжена за рекламите на Пежо е примената на најнапредни технологии во изработката на „креативата“, односно на сето тоа што јавноста ќе го гледа и слуша за марката со лавот. Првата кампања што Аксенчр Сонг ќе ја работи за Пежо е за новиот Е-3008, електрична верзија од новата генерација на компактниот СУВ.

Од јануари 2024 година, за рекламите и за секој настап на марката Пежо пред јавноста ќе биде задолжена Аксенчр Сонг. Станува збор за една од највлијателните и најефективни агенции во светски рамки. Форбс ја цени извршната директорка Џули Свит како една од најмоќните жени во бизнисот и воопшто меѓу стоте највлијателни жени.

Французите наведуваат дека постојаните менувања на потребите на клиентите и насочувањето на компанијата кон лидер во електричните возила во Европа до 2025 година, се причината за сите маркетиншки активности на Пежо по региони да се доверат на една компанија, на Аксенчр Сонг.

Присутни во 49 држави и во повеќе од 200 градови, новите креативци за Пежо ќе делуваат во сите региони, во Европа, Средниот Исток и Африка, Јужна Америка, Мексико и во Азија и Пацификот.

Задача на Аксенчр Сонг ќе биде електричните возила на марката и воопшто целата марка да се приближат кон помладата публика, да се влијае повеќе глобално и да се комуницира на сите медиуми, друштвени мрежи и останатите канали.

Во последните неколку години, посведочивме на драматични и брзи суштински промени во автомобилската индустрија и во очекувањата на клиентите. Овие брзи промени бараат храбро размислување, и се радуваме што ќе соработуваме со Аксенчр Сонг, коишто ќе ни помогнат на нашиот пат кон трансформација во 100% електрична марка, што поставува нови мерила во привлечниот дизајн, возачколто уживање и во технологијата.“
Фил Јорк, директор за маркетинг и комуникација на Пежо

Првата кампања што Ансенчр Сонг ќе ја сработат за Пежо ќе биде посветена на Е-3008, електричната верзија на новата генерација на компактниот СУВ-модел, во почетокот на 2024 година. Веднаш потоа ќе следи и кампањата за новиот Е-5008, којшто како и досега ја користи основата од 3008.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Accenture Song (@accenturesong)

Претходна објаваЈагуар Ланд Ровер ги зголеми очекувањата за добивката за годинава
Следна објаваКинески БИД ќе ја гради својата прва европска фабрика за автомобили во Унгарија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here