Хиперавтомобилот на Пежо ќе се трка во новата сезона во боите на ГТИ

Пежо ја испланира 2026 како година на перформанси, со почетокот на испораките на Е-208 ГТИ. Во таа чест, хиперспортскиот 9Х8 ќе вози во новата сезона во историските бои на ГТИ-моделите на Пежо.

Марката со лавот денес во срцето на Париз одржа презентација на хиперспортските Пежо 9Х8 што ќе учествуваат во претстојната сезона на трки во издржливост. Боите што ќе ги бранат овие хиперавтомобили се боите од историските ГТИ-модели на Пежо.

Спортското одделение на Пежо ги прикажа своите хиперавтомобили 9Х8 со стартни броеви #93 и #94 за новата сезона на трки во издржливост ВЕЦ. Настанот се одржа во престижното ателје Вендом во Париз и истиот се пренесуваше во живо на каналот на Пежо на јутјуб.

Француските хиперавтомобили ќе се појават под новите бои на воведната трка во новата сезона на трки во издржливост ВЕЦ, што е најавена за 28-ми март и се вози во Катар. Вкупното растојание што таму ќе го изминат тркачките автомобили е 1.812 километри.

Ова е третото поглавје од најавата за почетокот на испораките на новиот ГТИ на Пежо. Наследникот на славниот и победоносен 205 ГТИ е целосно електричен автомобил и ја носи ознаката Е-208 ГТИ. На моќноста не се штедело, новиот ГТИ располага со 280 КС.

Борбените бои на Пежо 9Х8 за престојниот ВЕЦ се одбрани во соработка меѓу дизајнерите на сериските модели на Пежо и спортското одделение на марката. Секако дека во шарата не отсуствува главниот печат на дизајнот на Пежо, мачкините шепи.

Дизајнот на шарата побудува впечаток на брзина и на непрестајно движење, но ги симболизира и милионите податоци што треба да се обработат денес, за тимовите да се издвојат во битката со соперниците на тркачките патеки.

Белата, црната и црвената боја на Пежо 9Х8 за сезоната 2026 се воедно историските бои на 205 ГТИ, при неговото лансирање во 1984 година. Белата окенит боја е заштитна за новиот Е-208 ГТи.

Целиот тим на Пежо Тотал Енерџис ќе биде во новите бои што денес првпат ги прикажа 9Х8 за сезоната 2026, вклучувајќи ги комбинезоните на тркачите и на техничарите.

Главниот дизајнер Матијас Хосан ја објасни и функцијата на новата шара: „Нашата цел е да внесеме дополнителна емоција и уживање за секој друг што ќе го извозат Пежо 9Х8.”

Претходна објаваЕксклузивен Дукати од соработката со Ламборгини во салонот во Скопје
Следна објаваЕУ ги одложи мерките што ќе ѝ ги заштитат производителите од кинеските соперници

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here