ЕУ ги одложи мерките што ќе ѝ ги заштитат производителите од кинеските соперници

Планот е да се одреди најнизок праг за вградување компоненти од локално производство, во проекти во коишто се трошат јавни пари, во стратешки сектори, како батерии, соларна, ветерна и нуклеарна енергија.

Со предлогот се бара возилата да поседуваат одреден минимум на делови од локално производство, мерено според нивната вредност

Предлогот на ЕУ е во насока на заштита на европската автомобилска индустрија од конкуренцијата од Кина, вклучувајќи барање за 70 проценти од вредноста на еден електричен автомобил да потекнува од локално производство, како услов за тоа возило да добие субвенции. Мерките се одложени за март, поради несогласувања околу географскиот обем.

Предлогот наречен Индустриски Акцелераторски Акт, кусо ИАА, требаше да биде објавен на 26-ти февруари. Но, Стефан Сежурне, комесар на ЕУ за внатрешните пазари, соопшти на 23-ти февруари дека објавувањето на планот се одложува за 4-ти март.

Со мерките ќе се постави одреден праг за уделот на компоненти од локално производство, за проекти во коишто ќе се трошат јавни пари, во сектори како батерии, соларна, ветерна и нуклеарна енергија.

ИАА е дел од спогодбата за чиста индустрија на комисијата, којашто беше усвоена во февруари лани, со цел да се зајакне конкурентноста на Унијата во светски размери, посебно кон соперниците од САД и Кина.

„Се надеваме дека оваа дополнителна недела за внатрешни разговори ќе ни овозможи да постигнеме предлог што ќе биде цврст како карпа“, изјави претставник на Комисијата за Ројтерс.

Според извештајот што беше објавен во февруари во Фајненшел Тајмс, новите електрични автомобили, хибридите и водородните автомобили што ги користат владините мерки за субвенционирање, и тие што се во сопственост или се користат од страна на јавните тела, мора да бидат монтирани во ЕУ и најмалку 70 проценти од нивните компоненти, со исклучок на батеријата, мора да потекнуваат од Унијата, мерено според вредноста на компонентите.

Тајмс објави дека предлогот условува и некои клучни компоненти во батериите да потекнуваат од ЕУ, вклучувајќи ги батериските ќелии. Повеќето производители во автомобили во ЕУ се снабдуваат со батерии од своите кинески и јужнокорејски добавувачи, иако некои од нив изградија фабрики во ЕУ. Заедничката инвестиција на Стелантис и Мерцедес-Бенц, под името АЦЦ, неодамна ги спушти амбициите за изградба на три гигафабрики во ЕУ.

Донгфенг Еолус Шајн ГС · Тест · Погодок од слободен удар

Владите со поделени ставови околу правилата за „произведено во Европа“

Француската влада посебно се залага за идејата „произведено во Европа“, образложувајќи дека европската индустрија мора да се заштити од поевтиниот увоз од пазари како Кина, којшто е со послаби еколошки и други норми.

Наспроти тоа, Шведска и Чешка, предупредуваат дека барањата за „купувај локално“ ќе ги одвратат инвестициите, ќе ги зголемат цените во владините тендери и ќе ѝ наштетат на конкурентноста на ЕУ во светски рамки.

Производителите на автомобили и останатите индустрии побараа во заштитата да бидат опфатени и земји што не се во ЕУ и ЕФТА (Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн) и во нивните вериги за снабдување да се вклучат други територии, како Британија или Турција.

Автомбилскиот сектор е разединет околу правилата за „произведено во Европа.“

„Отсуствува заеднички став во индустријата,“ изјави на 12-ти февруари извршниот директор на Мерцедес-Бенц, Ола Калениус, кој е воедно претседател на здружението АЦЕА.

За производителите на автомобили што имаат присуство на светскиот пазар, како Мерцедес-Бенц, БМВ или групацијата Фолксваген, „логично е да се залагате за отворена трговија и за отворени пазари, а против протекционизмот,“ кажа тој.

Од друга страна, Калениус вели дека регионалните производители ги поздравуваат протекционистичките мерки. „Го разбирам тоа“, изјави Калениус.

Претходна објаваХиперавтомобилот на Пежо ќе се трка во новата сезона во боите на ГТИ
Следна објаваОпел Фронтера Хибрид · Краток тест · Чекор назад за два чекори напред

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here